Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Заврши постапката за налепници „NMK“, набавно чинат 637,2 денари
Македонија

Заврши постапката за налепници „NMK“, набавно чинат 637,2 денари

14/12/2023

AA

Завршена е постапката за набавка на налепници со новата ознака „НМК“, а добитник на тендерот е компанијата КВАНТУМ од Скопје заедно со германската „ЕХА Хофман интернационал“.

За оваа цел, МВР ќе потроши 141,6 милиони денари (односно 2,29 милиони евра) во период од три години колку што предвидува договорот за набавката.

Според договорот објавен на страницата на електронскиот систем за јавни набавки, единечната цена на пар таблички е 540 денари плус 97,2 денари ДДВ, што вкупно е 637,2 денари.

Налепниците, зависно од големината се од 29,5 до 41 денари. Како што е наведено во рамковната спогодба со „Квантум“, налепниците со димензии 99×42 милиметри и со 63х37 милиметри чинат 35,4 денари; оние со 85х40 милиметри – 41,3 денари; а најмалите 48×18 милиметри се и најевтини – 29,5 денари. Овие цени се предвидени за две налепници.

Се уште не е познато која цена ќе важи за сопствениците на возилата.

Првата испорака треба да почне 30 дена од потпишувањето на договорот, а набавката ќе се реализира според потребите кои ќе ги утврди МВР.

Обврската за користење на кодот НМК на регистарските таблички е од Преспанскиот договор, согласно кој рокот за замена е до февруари 2024 година.

Наместо целосна замена на регистарските ознаки, со новата владина одлука, граѓаните ќе треба да добијат само лепенка со новиот код.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци

13/02/2026
Македонија

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ

13/02/2026
Македонија

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026
Македонија

Царинските формалности ја забавуваат испораката на онлајн-пратките, појаснуваат од „Пошта“

13/02/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА ЗАСЛУЖУВА ПАТ КОН ЕУ БЕЗ УСЛОВУВАЊА Посветени сме на

13/02/2026
Македонија

30-годишен скопјанец истепан во трговски центар од жена!

13/02/2026
Македонија

ПОЧИНАЛА ВО 2006, А СЕ ПОРОДИЛА ВО 2025?! Неверојатен случај

13/02/2026
Македонија

Тетовчанец лажно пријавил дека маж и жена го тепале на

13/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41438
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

УКРАЛ ПЛАТЕЖНА КАРТИЧКА И ПОТРОШИЛ 161.800 ДЕНАРИ Kартичката пет месеци била активна

13/02/2026

ОВР Кочани поднесе кривична пријава против С.З.(40) од Кочани поради постоење основи на сомнение за сторено кривично дело „оштетување и

📽️ ЗАЕДНИЧКАТА ИЗЈАВА СО БЕЛАТА КУЌА Е УСПЕХ НА СИТЕ ГРАЃАНИ Стратешките договори со САД

13/02/2026

Премиерот Христијан Мицкоски денеска изрази задоволство од усогласувањето на заедничката изјава помеѓу македонската Влада и Белата куќа, која се однесува

Вчера уапсени 10 возачи поради возење без возачка дозвола

13/02/2026

Во текот на вчерашниот ден, полициски службеници на целата територија на државата лишија од слобода 10 возачи, од кои по

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy