Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАРАБОТКА ОД СОНИШТАТА: Оваа европска земја има највисока просечна плата во светот
Економија

ЗАРАБОТКА ОД СОНИШТАТА: Оваа европска земја има највисока просечна плата во светот

06/06/2025

AA

Анализата спроведена од компанијата Ringover вклучуваше 40 земји со најголем бруто домашен производ во светот, а фокусот беше ставен на просечната заработка во 30-те најбарани занимања, во областите здравство, образование, финансии, информатичка технологија и бизнис.

Темата за платите е една од клучните теми денес, а сè повеќе граѓани на регионот одлучуваат да одат во странство во потрага по подобри услови за работа и повисоки приходи. Меѓу европските земји кои често се нарекуваат „ветени“, Швајцарија е предводник, како во однос на платите, така и во однос на побарувачката за работници.

Според истражувањето, Швајцарија има највисока просечна плата во светот, која изнесува 131.461 американски долари годишно, или малку повеќе од 115.000 евра. Тоа е дури 100,1 отсто повеќе од глобалниот просек.

Ова високо ниво на заработка е резултат на комбинација од неколку фактори: политичка стабилност, силна економија, високо ниво на образование и многу ниска стапка на невработеност.

Сепак, животот во Швајцарија има своја цена. Возрасен човек во таа земја троши помеѓу 3.200 и 5.350 евра месечно, кога се вклучени домувањето, комуналните услуги, храната и превозот. Со други зборови, платите се високи, но трошоците за живот се исто така меѓу највисоките во Европа.

На листата од десет земји со највисоки просечни годишни плати, по Швајцарија следуваат: Луксембург, Соединетите Американски Држави, Данска, Исланд, Австралија, Белгија, Велика Британија, Обединетите Арапски Емирати и Германија.

foto freepik.com

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата

11/04/2026
Македонија

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца

11/04/2026
Македонија

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026
Македонија

Хуман гест за Велигден: Стефан Спироски ќе подари 1.000 парчиња

11/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ХРИСТИЈАНИ ЈА ПРАЗНУВААТ ВЕЛИКА САБОТА Денот меѓу смртта и

11/04/2026
Македонија

Стабилно време до понеделник, од вторник дожд и нестабилност

11/04/2026
Македонија

ТЛОТО СЕ СТРЕСЕ КАЈ ДЕЛЧЕВО И БЕРОВО Граѓаните разбудени по

11/04/2026
Македонија

ОБЛАЧНО И СО ДОЖД Температури до 17 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42374
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Управувал возило со 3,18 промили алкохол во крвта – полицијата го приведе!

11/04/2026

На 10.04.2026 во 17:50 часот во с.Блатец, виничко, полициски службеници од ОВР Виница го лишија од слобода М.К.(44) од с.Блатец

ШВАЈЦАРЕЦ И ГЕРМАНЕЦ НАПАДНАЛЕ ПОЛИЦАЈЦИ Драма во битолско, уапсени двајца странци

11/04/2026

Двајца мажи, на возраст од 36 и 40 години, со државјанство на Швајцарија и Германија и престој во битолското село

Мицкоски најави можно намалување на цените на горивата

11/04/2026

Можно е ново намалување на цените на горивата во земјава, откако надлежните најавија дека на следната седница ќе се разгледува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy