Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започна повторно судскиот процес против Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“
Македонија

Започна повторно судскиот процес против Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“

05/03/2025

AA

Во Основниот суд во Струга денеска започна повторно судскиот процес против градоначалникот Рамис Мерко за набавката на луксузниот автомобил „Ауди А6“ за потребите на Општина Струга. Судењето за поставувањето на спомен обележјето на влезот на општинската зграда беше одложено поради здравствени проблеми на обвинителот кој го застапува предметот.

Расправа за набавката на автомобилот започна од почеток поради смената на судечкиот судија. На претходното рочиште, судијата побара време за разгледување на списите, а одбраната поднесе приговор за застареност на делото, кој беше одбиен од претходниот судија и исто така од новиот судија Јордан Јованов. Според Јованов, решението останува во сила бидејќи има прекин на застареноста.

„Како што беше решено и од колешката која го водеше предметот, не се прифаќа приговорот за застареност, а одлуката е задржана. Сметам дека има прекин на рокот на застареност, поради што расправата ја продолживме со изведување на докази“, изјави судијата Јордан Јованов.

Тој нагласи дека листата на сведоци е обемна, но дека ќе одлучи дали ќе ја прифати во целост, додавајќи дека нема да толерира непојавување на сведоци без оправдани причини, како што беше случајот со двајца сведоци на денешното рочиште.

„Тоа што беше дадено не се смета за оправдани причини. Судот има механизам за донесување на сведокот доколку тој одбегнува да се појави“, посочи судијата Јованов.

Според него, делото нема да биде апсолутно застарено пред 2028 година.

На денешното рочиште, по барање на одбраната, сведочеше Наде Бојаџиевска, ревизор во Државниот завод за ревизија, која беше дел од тимот што вршел ревизија во Општина Струга во 2019 година. Таа потврди дека останува на податоците од ревизорскиот извештај за 2018 година.

Одбраната на Мерко го толкува извештајот како доказ дека не постоела незаконитост во постапката за набавка на возилото.

Процесот започна во април минатата година, а Мерко се товари за злоупотреба на службената положба поради набавката на четири моторни возила, вклучувајќи го и „Ауди А6“, во вкупна вредност од 114.000 евра. Набавката е обвинувана за оштетување на буџетот на општината во време кога имала неплатени долгови и блокирана жиро-сметка. Според последните измени на Кривичниот законик, за злоупотреба на службена положба, предвидена е казна затвор од една до четири години.

Рамис Мерко е на „црната листа“ на Соединетите Американски Држави (САД) поради обвиненија за корупција и има девет обвиненија за несовесно работење во службата.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА

08/10/2026
Македонија

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски

08/10/2026
Македонија

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази

08/10/2026
Македонија

12 КИЛОМЕТРИ ОД АВТОПАТОТ ПРИЛЕП-БИТОЛА ЌЕ БИДАТ ГОТОВИ ВГОДИНА Наместо

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИЈА СМЕТА ДЕКА КРИВИЧЕН НЕ ГИ ЦЕНЕЛ ДОВОЛНО ДОКАЗИТЕ ПРОТИВ

08/10/2026
Македонија

АПЕЛАЦИСКИОТ СУД НА 10 ДЕКЕМВРИ ПОВТОРНО ЌЕ ГО РАЗГЛЕДУВА ПРЕДМЕТОТ

08/10/2026
Македонија

МУЦУНСКИ БАРА ДА НЀ ОЦЕНУВААТ ПО ЗАСЛУГИ Кос порача Скопје

08/10/2026
Македонија

ВЕШТАЧКАТА ИНТЕЛИГЕНЦИЈА ВЛЕГУВА ВО УЧИЛИШТАТА Десет наставници ќе ги обучуваат

08/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 46061
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВОЗОТ СКОПЈЕ – ПРИШТИНА МОЖЕ ДА ТРГНЕ ВО 2027 ГОДИНА Патувањето ќе трае 50 минути

08/10/2026

Железничкото поврзување меѓу Скопје и Приштина би можело да профункционира до крајот на 2027 година, а патувањето со воз меѓу

КОНСТРУКТИВНА СРЕДБА ВО СОФИЈА, НО БЕЗ ПРИБЛИЖУВАЊЕ НА ПОЗИЦИИТЕ Муцунски повтори дека прашањата за идентитетот

08/10/2026

На маргините на Меѓународната конференција за Коридорот VIII, што денеска се одржа во Софија, министерот за надворешни работи и надворешна

ЗАТВОРЕНА ПРЕДИСТРАГАТА ЗА КОМПЈУТЕРСКИОТ СИСТЕМ ВО ПРЕТСЕДАТЕЛСКИОТ КАБИНЕТ Нема докази за упад или прибирање класифицирани

08/10/2026

Основното јавно обвинтелство соопшти дека не утврдило елементи на кривично дело во случајот со сомневањата за неовластен пристап до компјутерскиот

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy