Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Започна исплатата на МојДДВ
Македонија

Започна исплатата на МојДДВ

15/05/2026

AA

Граѓаните во наредните денови ќе почнат да ги добиваат средствата од повратот на дел од ДДВ за првото тримесечје од 2026 година, откако Управата за јавни приходи (УЈП) официјално ја започна исплатата.

Од УЈП информираат дека процесот на исплата се одвива етапно, при што средствата се префрлаат постепено, веднаш по обработката на налозите за исплата, па граѓаните може да очекуваат различно време на пристигнување на парите на нивните сметки.

Според официјалните податоци, овој квартал поврат на ДДВ ќе добијат вкупно 528.447 корисници, а за таа намена се исплаќаат околу 836 милиони денари.

Сепак, кај дел од граѓаните исплатата засега е стопирана. Од УЈП појаснуваат дека кај 4.968 корисници се утврдени неточни податоци за трансакциските сметки, поради што средствата нема да бидат префрлени сè додека податоците не се коригираат.

Дополнително, кај 7.560 корисници износот за поврат е помал од 50 денари, поради што тие средства ќе бидат префрлени во следниот квартал.

Од Управата апелираат граѓаните кои сè уште не добиле исплата, а очекуваат поврат на ДДВ, задолжително да ги проверат и ажурираат податоците за трансакциската сметка преку апликацијата „МојДДВ“.

Надлежните посочуваат дека со точни и ажурирани податоци, исплатата ќе се реализира без одложувања во следниот циклус.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
Македонија

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв

29/08/2026
Македонија

Мотоцикл на МВР се судри со „Ауди“ во Пробиштип, повреден

29/08/2026
Македонија

Во деловен објект во Центар фрлена запалива течност, оштетена фасада

29/08/2026
Македонија

Почина режисерот и драматург Кирил Петрески

29/08/2026
Македонија

Инцидент во Желино: Со нож и репетиран пиштол се заканувал

29/08/2026
Македонија

Дедо од тетовско со дрвен предмет си го истепал малолетниот

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45331
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Ресенско, информира директорот на Дирекцијата за заштита и спасување, Стојанче Ангелов.

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе дејствуваат

29/08/2026

Тежок пожар избувна попладнево во атарот на селото Макази, Општина Ресен, а според директорот на Дирекцијата за заштита и спасување,

Татко пријави семејно насилство во Скопје: Малолетно дете со страв се враќало кај мајката

29/08/2026

На 28.08.2026 во 15:00 часот во СВР Скопје, А.Б.(43) од Скопје пријави дека подолг временски период, неговиот малолетен син манифестирал

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy