Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 АПИС: Предлог-законот за игри на среќа ќе предизвика затворање на легални објекти
Македонија

АПИС: Предлог-законот за игри на среќа ќе предизвика затворање на легални објекти

15/05/2026

AA

Асоцијацијата на приредувачи на игри на среќа (АПИС) реагира на новиот Предлог-закон за игри на среќа, оценувајќи дека дел од предложените одредби се прифатливи, но дека воведувањето на дистанца од 500 метри меѓу објектите и образовните институции ќе има сериозни последици врз легалниот сектор.

Од АПИС потенцираат дека заштитата на младите од зависност од игри на среќа останува нивен приоритет, но сметаат дека предложената регулатива во делот на локациското ограничување е дискриминаторска и уставно спорна, повикувајќи се на слободата на пазарот и претприемништвото.

Според нив, ваквото решение не е фиксна и предвидлива регулаторна рамка и може да создаде проблеми при спроведување, со оглед дека урбаните услови се менуваат со текот на времето. Како пример наведуваат дека растојание од 500 метри денес може да има сосема поинакво значење во иднина.

Асоцијацијата предупредува и дека примената на ваквата дистанца би можела да доведе до затворање на голем број легални објекти за игри на среќа. Тие се повикуваат на изјави на локални претставници, според кои во одредени општини, поради близината на училишта, речиси и да не би останале вакви објекти.

Од АПИС додаваат дека дополнителен проблем претставува фактот што државата задржува право да организира онлајн игри на среќа, што според нив ја доведува во прашање ефективноста на мерката за физичка дистанца и заштитата на младите.

Тие предупредуваат дека ограничувањата може да доведат до појава на нелегални објекти и „сив пазар“, како и до значителни буџетски загуби и губење на работни места во индустријата.

АПИС упати апел до Собранието да отвори јавна расправа и да ја вклучи стручната јавност пред донесување на законот, оценувајќи дека без поширока консултација би можеле да настанат сериозни економски и правни последици.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026
Македонија

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026
Македонија

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да

30/08/2026
Македонија

Гори двокатен автобус на Средно Водно

30/08/2026
Македонија

Куќата на Ивана Кнез за малку ќе изгореше во пожар:

30/08/2026
Македонија

Големо невреме северозападно од Куманово, можно е да зафати делови

29/08/2026
Македонија

Тежок пожар кај ресенско Макази, се движи кон Пелистер

29/08/2026
Македонија

Ангелов: Пожарот на Пелистер е намерно подметнат, „Ер тракторите“ веќе

29/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45337
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Осуденик во „Идризово“ почина од струен удар

30/08/2026

Осуденик почина во кругот на Казнено-поправната установа „Идризово“ во Скопје од последици на струен удар, соопшти Министерството за внатрешни работи.

Пронајдена 37-годишната бугарка која исчезна на Шар Планина

30/08/2026

Триесет и седумгодишната бугарска државјанка, која синоќа беше пријавена за исчезната на Шар Планина, денеска е пронајдена жива и во

Возачот на ЈСП во пламен го возел автобусот за да го однесе на безбедна локација

30/08/2026

Автобус на ЈСП Скопје, кој сообраќал на линијата број 25 кон Водно, бил зафатен од пожар, но во инцидентот нема

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy