Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Запленети дури 43 килограми злато на скопскиот аеродром – имало вредност од 2,3 милиони евра
Македонија

Запленети дури 43 килограми злато на скопскиот аеродром – имало вредност од 2,3 милиони евра

21/03/2023

AA

Царински службеници синоќа на Меѓународниот аеродром „Скопје“ открија и запленија над 43 килограми златен накит, информира денеска директорката на Царинската управа, Славица Кутиров. Ова, како што потенцираше таа, е рекордна заплена на златен накит, кој се проценува на вредност од околу 2,3 милиони евра.

„По претходни сознанија и основан сомнеж, лице со српска патна исправа кое пристигнало со редовниот вечерен лет од Истанбул, е упатено на детален претрес и преглед на багажот. Притоа, во неговиот куфер и рачниот багаж е откриен разновиден златен накит пакуван во најлонски кеси, меѓу кои и накит од бело злато, до дијаманти со приложени сертификати. Лицето претходно се упатило на зелен канал и не ја пријавило стоката, информираше Кутиров.

Како што рече, лицето и накитот се привремено задржани и во моментов се спроведува истрагата. Во истрагата се вклучени и Секторот за контроли и истраги и Секторот за професионална одговорност на Царинската управа.

Директорката на Царинската управа рече дека за овој случај веднаш е известен дежурниот јавен обвинител, заради спроведување на понатамошни истражни дејствија.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16

07/08/2026
Македонија

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците

07/08/2026
Македонија

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична

07/08/2026
Македонија

Жена спасена од Вардар благодарение на брзата реакција на двајца

07/08/2026
Македонија

Загина 19-годишен мотоциклист во Радишани

07/08/2026
Македонија

Момче од Македонија паднало од тобоган во Бодрум, со скршеница

07/08/2026
Македонија

17 лица почнаа да работат во логистичкиот центар на Лидл

07/08/2026
Македонија

Истекува законскиот рок за истрага, Артан Груби пред укинување на

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44905
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Седум нови случаи на Западен Нил во Скопје: Хоспитализирани 16 лица, тројца се во критична

07/08/2026

Во текот на изминатата недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил. Сите новозаразени

Инфлацијата во јули изнесува 0,1 процент, на годишно ниво трошоците за живот повисоки за 2,3%

07/08/2026

Инфлацијата мерена преку индексот на трошоците на животот во јули годинава бележи минимален раст од 0,1 процент во споредба со

Седум нови случаи на западнонилска треска, тројца пациенти во критична состојба

07/08/2026

Во текот на оваа недела во земјава се регистрирани седум нови случаи на инфекција со вирусот Западен Нил, соопшти Министерството

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy