Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗАМРЗНАТИТЕ ЦЕНИ ПОВОЛНИ ЗА БОГАТИТЕ – се препорачува мерките да бидат насочени кон посиромашните
Економија

ЗАМРЗНАТИТЕ ЦЕНИ ПОВОЛНИ ЗА БОГАТИТЕ – се препорачува мерките да бидат насочени кон посиромашните

28/02/2024

AA

Поимотните
граѓани на Македонија имале голема корист од владините мерки за одржување на
животниот стандард кои се воведуваа во изминативе години
како одговор на
проблемите кои се наметнаа со избивањето на војната во Украина. Иако, мерките
позитивно влијаеле и врз посиромашните граѓани
, и им овозможиле финансиска
заштеда, сепак, дел од овие мерки биле од голема корист и за имотни сограѓани,
осбено мерките за замрзнување на цените на храната.

Ова е еден од
заклучоците на брифот кој го изработи Институтот за економски истражувања и
политики „Фајненс тинк“, кои исто така посочуваат дека мерките за повозрасните
граѓани на Македонија, поточно за пензионерите делуваат како предизборен
маркетиншки „трик“.

Со последниот
бриф од Институтот целеле кон оценка на ефектите од трите пакети мерки кои ги
донесе Владата со цел надминување на последиците од кризата со цените на
храната и енергијата, предизвикана од инвазијата на Руската Федерација врз
Украина.

– Со
помош на нашиот МК-МОД – Микросимулациски модел на даноци и надоместоци, ги
проценивме ефектите од мерките групирани во две големи групи: оние кои директно
доделуваа помош во форма на доход, и оние кои оневозможија раст на цените и
така спасија дел од доходот на домаќинствата. Резултатите покажуваат дека
мерките спасиле значаен дел од доходот на домаќинствата, посебно на
посиромашните домаќинства и посебно мерките од последниот пакет кои се во сила
во текот на оваа 2024 година – пишува во брифот на „Фајненс тинк“.

Иако посочуваат
дека мерките имаат позитивно влијание кај најсиромашните домаќинства, сепак,
додаваат дека бидејќи дел од мерките беа нетаргетирани, истите имале многу
позитивен ефект и за домаќинства кои имаат солидни приливи.  

– 
Мерките
кои се однесуваа на цените, како замрзнати цени или профитни маржи, намалување
на стапката на ДДВ, субвенционирање на цената на струјата и парното греење
итн., во голем обем помагаа и на подоходовните домаќинства, кои тој товар можеа
да го сносат самите
. Ова посебно се однесува на мерките од првиот пакет. Обемот
на ваквите мерки значајно се намали – со враќањето на ДДВ за струјата на
стандардната стапка, воведувањето блок тарифи, и сѐвкупно со поволните движења
на пазарот на електрична енергија; но не исчезна, затоа што сѐ уште е во сила,
на пример, субвенционирање на цената на електричната и топлинската енергија,
како и замрзнатите цени на основните прехранбени производи – посочуваат од Институтот.

Воедно претставниците
на ова здружение утврдиле дека иако замрзнатите цени на производите имаат за
цел да спречат нефер трговски практики кои се во корист на производителите и
трговците, анализата покажала дека овие мерки повеќе им користат на
подоходовните слоеви
од населението.

– 
Дополнително,
анализата покажа дека, иако таргетираноста на мерките од третиот пакет којшто е
сега во сила, е најголема од сите три пакети, сепак најмалку две од мерките
носат ризик од зголемено буџетско оптоварување кога ќе се споредат со
слични-по-дизајн мерки од минатото. Особено, финансиската поддршка за
пензионерите останува со релативно широко таргетирање и, според тој дизајн,
наликува на предизборна мерка
– укажуваат од „Фајненс тинк“.

Поради ваквите
заклучоци од Институтот препорачуваат Владата да продолжи со процесот на
намалување и елиминирање на нетаргетираните мерки.

Исто така
потенцираат, особено поради фактот дека има поволните движења кај берзанските
цени на енергентите, фазата на излегување од субвенционирање на цените на
електричната и топлинската енергија да заврши поскоро, најдоцна до крајот на
оваа година.

– 
Неопходно
е да се размислува за замена на нетаргетирана мерка за замрзнати цени на
основните прехранбени производи со друг контингент мерки, зависно проблемите
што евентуално се присутни на терен
. Ако постои нефер договарање за цените на
прехранбените производи, во услови кога растот на цените на инпутите во
производиот процес или на цените од увоз е значајно намален, а кај некои
производи дури и негативен, тогаш треба да се впрегнат механизмите на
антимонополското законодавство, вклучително и со законско проширување на
надлежностите на Комисијата за заштита на конкуренцијата
– посочуваат од
„Фајненс тинк“.

Од таму препорачуваат
во иднина потесно таргетирање на мерките, а воедно додаваат дека дополнување на
пензиите, освен кај најниските пензии, надвор од предвиденото законско
усогласување претставува ризик за пензискиот фонд и за централниот буџет.

П.О. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди

01/10/2026
Македонија

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево

01/10/2026
Македонија

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија

01/10/2026
Македонија

ДАВАЛ ПОТКУП ЗА ЛИЦЕНЦА ИАКО „ПУЛС“ НЕ ГИ ИСПОЛНУВАЛ УСЛОВИТЕ

01/10/2026
Македонија

„ИМЕТО Е СМЕНЕТО, ЗНАМЕТО Е СМЕНЕТО, ХИМНАТА Е СМЕНЕТА…“ Мисајловски

01/10/2026
Македонија

ГАЗДА ДЕКО ПРЕД НОВ ПРИТВОР, ОТВОРЕНА НОВА ИСТРАГА Обвинителството бара

01/10/2026
Македонија

СО БУГАРИЈА НИ ТРЕБА ЕВРОПСКИ, А НЕ СРЕДНОВЕКОВЕН ДИЈАЛОГ Димитровски

01/10/2026
Македонија

ОД РИМ НАЈАВА ЗА НОВА ЕРА ВО ЈАВНАТА АДМИНИСТРАЦИЈА Македонија

01/10/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45928
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

МАКЕДОНСКИ ВОЈНИЦИ НА УКРАИНСКО ТЛО НЕМА ДА ИМА Мисајловски тврди дека Македонија нема да испрати

01/10/2026

Македонија нема да испраќа свои војници во Украина, порача министерот за одбрана Владо Мисајловски, нагласувајќи дека државата никогаш не презела

МИНУС НАУТРО, ПЛУС 26 ПРЕКУ ДЕН Северен ветер и сончево време низ Македонија

01/10/2026

Метеоролозите најавуваат ведро и студено утро, по што во текот на денот времето ќе биде сончево со мала до умерена

МАКЕДОНИЈА И САД, СОЈУЗНИШТВО ЗАСНОВАНО НА ДОВЕРБА Мицкоски објави фотографија од приемот кај Трамп

01/10/2026

Премиерот Христијан Мицкоски објави фотографија од приемот кај американскиот претседател Доналд Трамп, на кој присуствувал за време на престојот во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy