
ЗАХАРОВА ЗА СРБИЈА: Западот се обидува да започне масовни протести
Според портпаролката на руското Министерство за надворешни работи, Марија Захарова, Западот се обидува да започне масовни протести во Србија.
„Гледаме дека се користи сценариото на јавни протести во Србија и пошироко на Балканот за да се наметне волјата на Западот“, изјави Захарова.
Вели дека Западот е подготвен да организира масовни протести на Балканот, пренесе ТАСС.
„Ми се чини дека секој народ на која било земја треба да го брани својот суверенитет на сите нивоа“, додаде Захарова.
Во Србија, опозицијата протестираше и обвини за изборен грабеж во Белград. Тие обвинија дека луѓе од Република Српска гласале во српскиот главен град.