Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „ЗАГУБАТА ЌЕ БИДЕ ШЕСТКРАТНО ПОГОЛЕМА ОД МИНАТАТА ГОДИНА“: директорката на Централен регистар бара начини да ја врати на „здрави нозе“
Економија

„ЗАГУБАТА ЌЕ БИДЕ ШЕСТКРАТНО ПОГОЛЕМА ОД МИНАТАТА ГОДИНА“: директорката на Централен регистар бара начини да ја врати на „здрави нозе“

30/10/2024

AA

Централниот регистар оваа година ќе работи со загуба, која според новата директорка ќе биде шесткратно поголема од ланската. Минатата година Централниот регистар за прв пат прокнижи загуба, по долги години позитивни биланси, а оваа година загубата ќе биде поголема, потенцираше денеска директорката Анита Стамнова.

Во обраќањето на настанот по повод „Деновите на Централен регистар“, Стамнова најави нови проекти и потенцира дека во фокусот ќе бидат развојот, транспарентноста и стбилноста на институцијата. Најави дека Централниот регистар ќе биде извор на информации за сите учесници во платниот промет.

– Претходната година забалежавме загуба во работењето прв пат по не знам колку години, а годинава веќе е извесно дека ќе рботиме со загуба. Уште кога дојдов на функцијата го детектиравме тоа со колегите. Загубата ќе биде шесткратно поголема од загубата минатата година. На сите состаноци со Министерството за финансии разменивме размислувања и насоки како да ни помогнат околу услугите што ги нудиме, за да ја подигнеме институцијата, да ја вратиме на „здрави нозе“ – напомена директорката.

Меѓу планираните активности, Стамнова ги акцентираше надградбата на централизираниот менаџмент со корисници, надградбата на Регистарот на вистинските сопственици на правните субјекти, како и надграбата на едношалтерскиот систем. Ќе биде во функција, дополни, и новиот регистар на сметки преку кој институцијата ќе се вклучи во борбата против перењето пари и финанансирањето тероризам.

– Покрај усогласувањето со ЕУ директивите, во делот на контролата и заштитата на податоците предложени се законски измени кои треба да придонесат за подобар квалитет на податоците. Целта на надградбата на централизираниот менаџмент со корисници е овозможување елекорнска идентификација на корисниците на електронските услуги на Централниот регистар со високо ниво на сигурност. Ќе се надградува и Регистарот на вистинските сопственици на правните субјекти со цел обебедување висок степен на транспарентност во сопственичката структура, а надграбата на едношалтерскиот систем ќе овозможи забрзување и поедноставување на пријавите за упис – истакна Стамнова.

Таа најави и зголемување на квалитетот на податоците за физичките лица, софтеврско решение за генерирање извештаи, како и систем за заштита и архивирање податопци.

Вицегувернерката на Народната банка Емилија Нацевска се осврна на Единствениот регистар на сметки.

– Ова е еден од важните чекори што ја олеснува обработката на податоците, овозможува поефикасно делување на институцијата и поголема заштита на потрошувачите. Воспоставувањето на овој Регистар е значајно за приклучувањето кон Единствената област за плаќањa во евра – СЕПА, ја овозможува правовременоста и достапноста на информациите до сите релевантни институции и засегнати страни, претставува важна основа за ефикасноста на плаќањата, за поголема фиансика контрола и за спречување нелегални активности, но и за погоема ефиканост на процесите за присилна наплата според најдобрите европски практики. Регистарот ќе овозможи и подобра заштита на правта на граѓаните и правните сујекти – подвлече  Нацевска.

Министерот за дигитална трансформација Стефан Андоновски го пофали Централниот регистар дека е една од институциите кои даваат вистински пример за успешна деигитална трансформација во јавниот сектор.

– Клучен сегмент во реформата на јавната администрација е подобрување на квалитетот на административните услуги. Нудењето електеронски услуги значи поедноставна и побрза испорака на услуги, транспарентност и намалување на можностите за корупција – подвлече министерот. 

Фото: Принтскрин/Фејсбук/МИА

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени

08/11/2026
Македонија

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА

08/11/2026
Македонија

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку

08/11/2026
Македонија

СДСМ И ВЕНКО ПРВО ДА НАУЧАТ КОЈ Е НАДЛЕЖЕН ЗА

08/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ СО ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ И ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник

07/11/2026
Македонија

ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ, ПОВЕЌЕ ОБЛАЦИ, ПОМАЛКУ СОНЦЕ Од вторник ќе стопли

07/11/2026
Македонија

ЌЕ СЕ ОТВОРАТ ШАЛТЕРИТЕ НА АЛТА БАНКА ВО ТЕТОВО И

07/11/2026
Македонија

ПРАВОСУДНИОТ ИСПИТ САМО НА МАКЕДОНСКИ, НЕМА УСТАВНИ ИЗМЕНИ БЕЗ РЕЦИПРОЦИТЕТ

07/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46654
  • Регион 4000
  • Свет 20
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ЕВРОПСКАТА КОМИСИЈА ГИ ПРЕПОЗНА РЕФОРМИТЕ НА ЗНАМ Од 33 подготвени закони, 5 се донесени, другите

08/11/2026

Европската комисија го потврди сработеното од ЗНАМ во Министерството за правда во изминатите 2 години, оцени на партиска прес-конференција поранешниот

СДСМ ШИРИ ПАНИКА, А МОЛЧЕЛ ЗА 110 МИЛИОНИ ОД ВЕНЕЦУЕЛА Преку „Еуростандард банка“ пари се

08/11/2026

СДСМ молчел кога 110 милиони евра од Венецуела се слеале во „Еуростандард банка“, а парите завршувале во фирми блиски до

СДСМ СОЗДАВА ЛАЖЕН НАРАТИВ ЗА ЕСМ Платите не доцнат, туку 140 вработени побарале ажурирање на

08/11/2026

Платите на вработените во АД Електрани на Северна Македонија (ЕСМ) ќе бидат исплатени во законскиот рок, соопшти компанијата, објаснувајќи дека

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy