
ЗАГРОЗЕНИ 13.000 РАБОТНИ МЕСТА, ЌЕ ОТКАЖУВААТ ЛЕТОВИ ЗА ДА ЈА НАМАЛАТ БУЧАВАТА: Сендикатите предупредуваат на масовни отпуштања
Доколку холандската влада ги спроведе своите планови за
намалување на бројот на летови од аеродромот Шипхол поради бучава, тоа ќе чини
13.000 работни места, се наведува во студијата на Економскиот институт со
седиште во Амстердам.
Истражувањето на институтот за економски истражувања SEO
Амстердам, кое беше спроведено на барање на група синдикати од аеродромот,
покажа дека вака намалениот број летови би сочинувал околу 10 отсто од сите
работни места во Шипхол и неговата околина.
Последиците најмногу ќе настанат веднаш по воведувањето на
принудните резови, покажува истражувањето. Синдикатите веруваат дека може да
има масовни отпуштања, при што меѓу 1.400 и 5.400 луѓе се соочуваат со
долготрајна невработеност.
Затоа, тие побараа од владата да ги разгледа своите планови
и да усвои мерки за намалување на бучавата предложени од авиоиндустријата, кои
вклучуваат замена на старите бучни авиони со потивки, помодерни авиони.