Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 🎥 ЗА УШТЕ 5 УБИСТВА СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ СЕ ДЕЛО НА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД КУМАНОВСКО Крупниот 25-годишен овчар редовно се снимал за Тик-Ток
Македонија

🎥 ЗА УШТЕ 5 УБИСТВА СЕ ИСТРАЖУВА ДАЛИ СЕ ДЕЛО НА СЕРИСКИОТ УБИЕЦ ОД КУМАНОВСКО Крупниот 25-годишен овчар редовно се снимал за Тик-Ток

27/02/2026

AA

Уште пет смртни случаи на повозрасни жени и еден обид за убиство се ипитуваат од истражните органи за да се види дали се дело на серискиот убиец во кумановско Старо Нагоричане, за кого засега има сериозни индиции дека извршил најмалку две убиства и еден физички напад врз постара жена во кумановското село Челопек, објави Телма, повикувајќи се на извори блиски на истрагата.

Извори од истрагата рекле дека имаат сигурни докази дека 25-годишниот Т.Б. од село Драгоманце е извршител на убиството на 78-годишната М.С од Старо Нагоричане. Се совпаднале ДНК анализите кои биле пронајдени на лице место, со неговите примероци. Други детали не се откриваат, како ни тоа дали е утврдено дали тој ги силувал жртвите.

Мештаните на терен раскажуваа дека неколку жени биле пронајдени мртви во своите домови и биле полуголи, а една од нападнатите која преживеала, тврдеше дека се обидел и да ја силува. Обвинителството се посомнева за уште еден случај на почината помлада жена во нејзиниот дом, па нејзиното тело беше откопано и дадено на обдукција. Од обвинителството официјално велат дека се земаат огромен број докази за да се расчистат сите настани.

„Осомничениот е обезбеден и во следните денови ќе следи негова психијатриска проценка од тим на експерти. До овој момент вештиот наод од извршената обдукција на ексхумираното тело не е доставен до јавниот обвинител. Во текот на оваа сложена постапка се вршат распити на лица, а ќе бидат обезбедени и сите други потребни докази за целосно расчистување на случаите“, соопштуваат од Основно јавно обвинителство Куманово.

Фото: Принтскрин

Според неофицијалните информации на Телма, се истражуваат пет случаи на мртви повозрасни жени и еден обид за убиство. Сите се случиле некаде од летото лани, па сè додека беше уапсен осомничениот. Но, се отвори прашањето зошто никој не преземал ништо, и покрај тоа што Т.Б. важел за проблематичен, нападен, агресивен, уште како средношколец.

Телма дојде и до профилот на осомничениот сериски убиец од кумановско Старо Нагоричане на социјалната мрежа ТикТок, каде бил релативно активен. Од него може да се утврди дека станува збор за крупен 25-годишник кој се занимава со чување овци, а живеел во Драгоманце.

Тој објавувал и детали од неговиот приватен живот, а на едно од видеата се гледаат и мајката и очувот со кои живеел, но и заедничка фотографија со останатите членови на семејството, односно децата на неговиот очув.

Последното видео кое го објавил е со датум од 9 февруари, ден пред да биде пронајдена последната негова жртва, 78-годишната Мира С. од Старо Нагоричане. По ова тој беше уапсен и ставен во притвор. За неа, пак, обвинителството тврдеше дека е убиена во периодот од 29 јануари до 10 февруари. Точниот ден не се знае, бидејќи таа живеела сама, а нејзините деца се во странство.

Во овој период осомничениот бил доста активен на ТикТок, речиси секој ден се снимал, а на едно видео симулирал дека го брка и полиција. Има и неколку видеа на кои наредил банкноти на масата, се фалел со парите, а обвинителството се сомневаше дека ги ограбувал жртвите.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АХВ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВА ПАЛАНКА: Почнете да го почитувате

27/02/2026
Македонија

РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЈА ОДЛОЖИ КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА Дел

27/02/2026
Македонија

Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите

27/02/2026
Македонија

18-годишник од тетовско приведен за лажни дојави за бомби во

27/02/2026
Македонија

РАСПИШАН ТЕНДЕР ЗА КУПУВАЊЕ НА 150 НОВИ ЕЛЕКТРИЧНИ АВТОБУСИ Скопје

27/02/2026
Македонија

ОКТА АД – Скопје со силни резултати во 2025 година

27/02/2026
Македонија

Пожар во куќа во село Волково

27/02/2026
Македонија

Заталкан куршум оштетил балкон во Долно Лисиче

27/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42031
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АХВ ДО ГРАДОНАЧАЛНИКОТ НА КРИВА ПАЛАНКА: Почнете да го почитувате законот, кравите не можат да

27/02/2026

Проблемот со стадото крави кои со години слободно лутаат низ Крива Паланка и околните села ескалира во отворена пресметка меѓу

РАБОТНАТА ГРУПА ЗА ИЗБОРНИОТ ЗАКОНИК ЈА ОДЛОЖИ КОНСТИТУТИВНАТА СЕДНИЦА Дел од пратениците побарале материјалите да

27/02/2026

Поради технички причини денешната конститутивна седница на работната група за реформи во изборното законодавство е одложена за следната недела, информира

Како преку паметен избор на снабдувач со струја да заштедите и до 40 отсто на

27/02/2026

Во услови на либерализиран пазар на електрична енергија, компаниите имаат можност самостојно да изберат снабдувач и директно да влијаат врз

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy