
ЗА САМО ДВА МЕСЕЦИ: Минималната кошничка поскапела за 2.000 денари
Поскапува минималната кошничка. Во јуни, четиричлено семејство имало пораст на минималните трошоци за живот во висина од 790 денари во споредба со претходниот месец, според најновите пресметки на Сојузот на синдикати на Македонија(ССМ).
Вредноста на синдикалната минимална кошница во јуни достигна 64.698 денари, додека семејствата кои живеат со изнајмување стан од 60 квадратни метри требало да издвојат вкупно 80.073 денари за покривање на месечните потреби.
Tрошоците за храна и пијалаци исто така се зголемени – во јуни било потребно 733 денари повеќе отколку во мај. За оваа намена на едно семејство му биле неопходни 23.167 денари.
Од ССМ велат дека откако завршија активните владини мерки, за само два месеци вредноста на синдикалната минимална кошница е зголемена за 2.007 денари, а кај храната и пијалаците растот е 1.678 денари. Од месец на месец, сумата расте.
foto freepik.com