Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За „Пулс“ уапсен и Драган Паунов, вработен во УЈП и брат на претседателката на Кривичен суд
Македонија

За „Пулс“ уапсен и Драган Паунов, вработен во УЈП и брат на претседателката на Кривичен суд

20/11/2025

AA

Обвинителството во рамки на истрагата за трагедијата во Кочани покрена постапки против повеќе лица поврзани со корупција, злоупотреби и фалсификување документи.

Според информациите, притвор ќе се бара и за Драган Паунов, вработен во УЈП – Штип, кој се сомничи за примање поткуп по член 357 од Кривичниот законик и за оддавање службена тајна по член 360. Паунов е лишен од слобода.

Паунов е брат на в.д. претседателката на Кривичниот суд – Скопје, Даниела Димовска, а истрагата покажала дека тој бил во постојан контакт со синот на газдата на дискотеката „Пулс“, Дејан Јованов – Деко.

Коммуникацијата меѓу нив е дел од доказниот материјал.

Во сторијата на ИРЛ беа објавени пораки помеѓу Михајло Јованов и инспектори од УЈП, ДПИ и полицијата. Се посочуваат дојави до дискотеката пред инспекциски контроли, сомнежи за поткуп низ подароци и информации дека полициски инспектори биле редовни гости иако локалот работел без исполнети услови.

Од Обвинителството велат дека оваа комуникација е дел од доказите и за истата се вршат проверки.

Јавното обвинителство соопшти дека надлежностите на УЈП се ограничени на финансиски и даночни прашања и затоа институцијата не била опфатена со обвинението за пожарот во „Пулс“.

Проверки кај УЈП се водат единствено за евентуални коруптивни и други кривични дела на поединци.

Со обвинението се опфатени 34 физички и 3 правни лица. Дополнително, посебна истрага се води за 10 полициски службеници од Кочани и Штип во Обвинителството за организиран криминал, но без најави кога ќе заврши и дали ќе резултира со обвинение.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026
Македонија

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити

03/03/2026
Македонија

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме

03/03/2026
Македонија

Тошковски: МВР има обезбедена снимка доказ за насилство во Карпош!

03/03/2026
Македонија

ДРОГА ПРОНАЈДЕНА ВО КАСАРНА Марихуана откриена во ранец на припадник

03/03/2026
Македонија

„Да не слушнам ни збор дека можела поинаку, НЕ МОЖЕЛА“:

03/03/2026
Македонија

Македонија меѓу водечките земји во Европа по економски раст во

03/03/2026
Македонија

ПРЕТРЕС ВО КАСАРНАТА ВО ПЕТРОВЕЦ: Кај припадник на армијата пронајдена

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42187
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

АВТОМОБИЛ УСМРТИ 59-ГОДИШНА ЖЕНА Тешка сообраќајка во Злетово

03/03/2026

Педесет и деветгодишната З.А. од село Злетово го загубила животот во сообраќајна несреќа што се случила вчера попладне во злетовско.

Филипче: Во време на војни, членството во НАТО ја штити Македонија

03/03/2026

Претседателот на СДСМ, Венко Филипче, во денешната изјава во Собранието, се осврна на значењето на членството на Македонија во НАТО,

Сосетката Тања Спировска: Насилството траеше со години, сите го слушавме и пријавувавме!

03/03/2026

Семејното насилство во станот каде што се случи трагедијата траело со години и било јавна тајна меѓу станарите, тврди сосетката

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy