Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За првпат во државата Клиника Жан Митрев ќе спроведе бесплатен скрининг за канцер на бели дробови
Македонија

За првпат во државата Клиника Жан Митрев ќе спроведе бесплатен скрининг за канцер на бели дробови

17/01/2024

AA

Клиника Жан Митрев започнува национална кампања за бесплатен скрининг за канцер на бели дробови. За првпат пациентите ќе може да се испитуваат дали носат ризик за развој на рак на бели дробови и да делуваат превентивно. Целта на кампањата на Клиника Жан Митрев е навремено откривање на асимптоматските пациенти, дијагностицирање во рана фаза кога може да се изврши оперативен третман, бидејќи така прогнозата за преживување е многу подобра и подигнување на свесноста за рано откривање на заболувањето во почетна фаза.

„Ракот на белите дробови е главната причина за смртност поврзана со ракот, а Македонија не е исклучок. Кај нас инциденцата е 14,9% што значи 1135 нови случаи секоја година, а според стапката на смртност сме на 10-то место во светот. Пушењето и загадувањето на воздухот се двата најголеми ризик-фактори за развој на карцином на белите дробови, појави што се многу застапени кај нас. Заради овие факти потребно ни е национално делување и скрининг, посебно на ризичните категории. Итно ни е потребно и кревање на свесност за проблемот, затоа што најголем дел од пациентите доаѓаат во многу доцна фаза и затоа стапката на смртност е толку висока. Болеста во првите фази е асимптоматска, не се прават превентивни прегледи и затоа се недијагностицирани. На овој начин, со скрининг и рано откривање значително се зголемуваат шансите за преживување кај овој тип на пациенти”, вели д-р Лилјана Брајевиќ, торакален хирург во Клиника Жан Митрев.

Со скринингот ќе бидат опфатени пациенти за карцином на бели дробови кои се асимптоматски но влегуваат во ризичните категории според животните навики. Препораката за скрининг опфаќа пациенти од 50 до 75 години кои во текот на 20 години пушеле повеќе од 20 цигари (или 1 кутија) на ден или 2 кутии цигари дневно во тек на 10 години, како и пациенти кои биле пушачи, а престанеле во последните 15 години.

Пациентите што ќе се пријават прво пополнуваат прашалник според кој се проценува ризикот за да добијат карцином на бели дробови. Пријавувањето и пополнувањето на прашалникот може да се направи онлајн на интернет страната на Клиника Жан Митрев а повеќе информации за начинот на пријавување може да добијат на телефонскиот број 02 3091 484.

Скринингот се одвива во две фази, во првата фаза се користат процедури со кои ќе се одделат позитивни од негативни пациенти, а во втората фаза, се користат процедури за комплетна дијагностика кај позитивните пациенти. Позитивните пациенти односно оние каде ќе се дијагностицира карцином, ќе бидат консултирани и упатени на комплетен оперативен и онколошкитретман што се применува во Клиника Жан Митрев.

Според препораката на The American cancer society скринингот се прави со компјутеризирана томографија на бели дробови со ниска доза на зрачење (Low dose CT scan) што e златен стандард во скрининг дијагностиката.

Во светот, но и во Македонија, ракот на белите дробови е главната причина за смртност. Дури 23% од сите видови отпаѓаат на овој вид рак, што го прави ракот на белите дробови, по ракот на дојката, најчест облик на рак во светот.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла,

03/11/2026
Македонија

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е

03/11/2026
Македонија

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети

03/11/2026
Македонија

НИКОЛОСКИ ВО ПОТРАГА ПО НОВИ ГЕРМАНСКИ ИНВЕСТИЦИИ Во Северна Рајна-Вестфалија

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО ГОЛЕМА АКЦИЈА НА ЕВРОПОЛ Запленети над

03/11/2026
Македонија

📷 МВР УЧЕСТВУВАШЕ ВО РАЗБИВАЊЕ МЕЃУНАРОДНА ИНТЕРНЕТ-ИЗМАМА Запленети над 100

03/11/2026
Македонија

НАД 94% ОД БРОИЛАТА ЗА СТРУЈА РЕДОВНО СЕ ЧИТААТ Во

03/11/2026
Македонија

И ЕУ МОРА ДА ПОКАЖЕ ПОЛИТИЧКА ВОЛЈА Дијалогот со кандидатите

03/11/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46552
  • Регион 4000
  • Свет 19
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДОЖДОТ ПРЕСТАНУВА, ДОАЃААТ УТРА СО МИНУСНИ ТЕМПЕРАТУРИ Од четврток магла, за викендот постудено

03/11/2026

Времето во среда, 4 ноември, ќе биде облачно со повремени врнежи од дожд кои кон крајот на денот ќе престанат.

СИТЕ СЕ ЗАДОВОЛНИ ОД АКЦИСКИОТ ПЛАН, САМО БУГАРИЈА НЕ Е Време е Унијата да покаже

03/11/2026

Сите држави во ЕУ се задоволни од македонскиот Акциски план за малцинствата, освен Бугарија, иако документот е изработен со експерти

„ГЕРЕСХАЈМЕР“ ПЛАНИРА НОВА ИНВЕСТИЦИЈА ВО МАКЕДОНИЈА Три нови производствени капацитети би можеле да донесат 1.000

03/11/2026

Три нови производни капацитети би можеле да бидат најавени во декември, а со нивното достигнување на полн капацитет се очекува

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy