Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе
Економија

За пензии во буџетот следната година 276 милиони евра повеќе

01/11/2024

AA

Министерката за финансии Гордана Димитриеска Кочоска на дернешната прес-конференција рече дека следната година во буџетот за 2025 ќе има 17 милијарди денари повеќе за поддршка на Фондот за пензиско осигурување, што е околу 276 милиони евра плус.

– Одобрени се 15 милијарди денари за ставката за пензии, плус 2 милијарди денари за Фондот за здравство за здравственото осигурување, потврди министерката како одговор на новинарско прашање.

Буџетот за 2025 денеска ќе бид еподнесен во Собранието, а во истиот се предвидени околу 200 милиони евра повеќе за зголемување на платите во јавниот сектор и администрацијата.

– Во однос на платите, има 3,5 милијарди денари за плати, 2 милијарди има повеќе за дотации,тоа се во ставката образование нели, во делот на Фондот за здравство 5,2 милијарди денари имаме плус,тие треба да ги обезбедат платите дополнително на здравствените работници. Плус имаме 2 милијарди денари како резерва за кои ќе знаеме како ќе се трошат во зависност од тоа што е договорено на економско-социјалниот совет, дополни Димитриеска Кочоска.

Министерката рече дека за 500 милиони денари има зголемување за социјални трансфери, но и дека ќе функционира единствен регистар на податоци за правилно искористување на средствата за социјална помош.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг на

19/02/2026
Македонија

КАМЕНОЛОМИ КАЈ ИЗВОРОТ „ШУМ“ ЈА ЗАМАТИЛЕ СТРУШКАТА ВОДА Две фирми

19/02/2026
Македонија

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026
Македонија

Сиљановска -Давкова: Мајчиниот јазик е чувар на семејната и национална

19/02/2026
Македонија

Нови амбасадори на повидок – Давкова вели дека повеќе од

19/02/2026
Македонија

„ЌЕ ДЕЛИШ ПАКЕТИ ВО ЦРКВА“ Им дал лична карта, му

19/02/2026
Македонија

„Марш на ангелите“ во сабота: Чекориме за да потсетиме дека

19/02/2026
Македонија

Кавадарчанец си пазарел онлајн со туѓа картичка: Оштетил 60-годишен маж

19/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41667
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Половина милион денари од буџетот завршиле за личен долг на поранешниот градоначалник на Росоман –

19/02/2026

ОВР Кавадарци, до Основното јавно обвинителство Кавадарци, поднесе кривична пријава против С.Н.(29) од Росоман поради постоење основи за сомнение дека

КАМЕНОЛОМИ КАЈ ИЗВОРОТ „ШУМ“ ЈА ЗАМАТИЛЕ СТРУШКАТА ВОДА Две фирми ископувале на помалку од киломатар

19/02/2026

Ископувањата направени околу изворите во „Шум“, се главна причина што ја предизвикала матноста на водата од која се снабдуваат Струга

ОЈО ГОКК ќе се жали на пресудите од „ПРЕМИН“

19/02/2026

Денеска, во Основниот кривичен суд Скопје, беше објавена неправосилна пресуда во предметот со кодно име „ПРЕМИН“, застапуван од Специјализираното одделение

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy