Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА МАЖИТЕ СЕКОГАШ ЌЕ СЕ НАЈДЕ РАБОТА И РАКОВОДНА ПОЗИЦИЈА – Зошто жените помалку работат?
Економија

ЗА МАЖИТЕ СЕКОГАШ ЌЕ СЕ НАЈДЕ РАБОТА И РАКОВОДНА ПОЗИЦИЈА – Зошто жените помалку работат?

01/06/2023

AA

Традиционално жените остануваат да бидат помалку вклучени на пазарот на труд во земајва. Податоците говорат дека, за разлика од мажите, жените помалку се вклучени во економските активности. Иако голем дел од нив се активни во домот, односно исполнуват домашни обрврски со деца, повозрасни членови, или други домашни активности, тоа не е опфатено во рботните процеси. Дополнително има и такви кои иако работат, тоа го прават без договори за работа, со што официјално остануваат надвор од пазарот на труд.

Бројките говорат дека во нашата земја дури 55,1 отсто од жените во земјва се кономски неактивни. Од оние кои се ангажираат на пазарот на труд, вработени се 38,3 протцени. Ова го покажуваат податоците од анализата на Државниот завод за статистика насловена „Жените и мажите“ за 2021 година.

– Стапката на вработеност на жените во Северна Македонија во 2021 година изнесуваше 38,3 отсто, односно 55,1 процент од жените се економски неактивни. Споредбено, истата година, стапката на активно учество на мажите на пазарот на труд изнесува 56,2 отсто, додека пак стапката на неактивност е 32,8 проценти. Разликите во стапките на учество на жените и мажите на пазарот на труд доведуваат до родов јаз во стапката на вработеност кој во 2021 година изнесува 20,3 отсто – се наведува во анализата на ДЗС.

Економски активното население ја опфаќа работната сила во земјата, односно лицата што се вработени, но и лицата што се невработени, но активно бараат работа. Лицата што се сметаат за економски неактивни, или надвор од работната сила, се лицата што се невработени и не бараат работа и не се на располагање за вработување.

Бројките говорат дека жените и мажите на возраст од 35 до 44 години се најактивни на пазарот на труд, односно најголем дел од овие генерации се вработени.

Мажите се речиси подеднакво застапени на пазарот на трудот во руралниот и урбаниот дел од државата, додека од вкупниот број вработени жени, значително е помал бројот на вработени жени во руралните средини (37 отсто). И во урбаниот и во руралниот дел од државата најголем дел од вработеното население има завршено 4-годишно средно образование, односно 45 проценти од вработените жени и 53 отсто од вработените мажи.

– Во 2021 година најзначајната разлика е забележана во учеството на вработените лица со високо образование – кај вработените. Имено 42 отсто од жени имаат високо образование, а истото важи за 28 проценти од вработените мажи.

Споредбено, во руралните делови, 23 отсто од вработените жени имаат високо образование наспроти 12 проценти од вработените мажи. Од вкупниот број неактивни жени на пазарот на труд најголемиот дел, односно 46 отсто, имаат завршено само основно образование, а од нив 58 проценти живеат во руралните делови на државата – се наведува во анализата на ДЗС.

Најголем дел од неактивните мажи имаат завршено 4-годишно средно образование односно 39 проценти, наспроти 29 отсто од неактивните жени. Жените се генерално помалку застапени и во формалното вработување со 41 процент и во неформалното вработување со 33 отсто.

Од вкупниот број работодавачи во Македонија во 2021 година, само 19 отсто  се жени.

Слично на тоа, 78 проценти од вработените за сопствена сметка се мажи додека 22 отсто се жени. Во 2021 година, најголем број на неплатени семејни работници се жените од руралните средини, со вкупен број од 18.634. Дополнително, 59 проценти од неактивните жени на возраст од 20-64 години се неактивни на пазарот на труд поради извршување на обврски наспроти 2,3 отсто од мажите.

П.О. 

Фото: Freepik

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
Македонија

СО ПЛОВЕЧКИ ФОТОВОЛТАИЦИ ЌЕ СЕ ОБЕЗБЕДИ СТРУЈА ЗА ПОЛНЕЊЕ НА

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42363
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА ДОЗВОЛА Зад решетки 10 возачи

10/04/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на Македонија полициските службеници лишија од слобода 10 возачи за безобѕирно управување

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy