Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Зајкова: И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од државата
Македонија

Зајкова: И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од државата

02/02/2023

AA

Не може ликот, делото на Гоце Делчев да ни служи за некоја си партиска реторика и добивање на некои поени, заради играње со емоции на луѓето, затоа што секој наш сограѓанин знае дека Гоце Делчев, претставува еден од најголемите ако не и најголем македонски револуционер и национален херој, рече претседателката на Либерално-демократската партија Моника Зајкова во вчерашното гостување на „24 анализа“ на 24 вести.

– Најмалку Гоце Делчев треба да е она прашање кое што не разединува како народ, туку напротив треба да не спојува, и како народ и да не држи заедно како земја. Не сметам, дека некој треба да издвојува поени на ликот и делото на Гоце, туку да видиме што може да направиме заедно за овој лик и дело секогаш да има достоинствено одбележување и да биде запаметено. Ги будиме емоциите на луѓето и тоа може да се квалификува како поттикнување на говор на омраза, додаде Зајкова.

Во однос на забраните на влез на бугарски политичари таа вели дека дури и во земји на ЕУ на пример заради ширење на антисемитизам и навредливи изјави кон минатото или пак сломофобија, што е еднаква на фашизмот.

– Можеме да кажеме дека секој кој што го навредува македонскиот народ, македонскиот јазик, македонската држава, што е исто така казниво со закон, има забрана за влез, и не може Европска Унија тука да ни каже дека ние сме помалку европски, затоа што веќе постојат примери од Холандија, која што е членка на ЕУ, или пак Британија, додава таа.

Зајкова вели дека само треба да внимаваме, да не даваме ветер во грб и на она што значи да се даде адут дека утре треба да ја блокираат европската интеграција во делот на малцинските права.

– Затоа, треба многу одмерено државата да реагира на кои провокации како ќе одговори. Нормално, дека ние имаме повисока одговорност како власт во овој дел меѓутоа, видовме во изминатите денови со сите случаи во делот со Бугарија дека постојат и странски влијанија, кои што свесно сакаат да ја блокираат македонската интеграција, на кои што не им одговара Македонија да стане правна членка на унијата. И сега, ние ако сите партии велиме дека сме заедно за Европската Унија, дајте сите заедно да го помогнеме тој пат, а не уште толку да предизвикуваме тензии кои што знаеме дека можат да им бидат ветер во грб на нашите соседи, утре во делот на малцинските права и што сме постигнале, повторно ние, закочени во место. Но, сега, не не блокирал никој, туку сами, себе внатре се блокираме, заклучува Зајкова.

Taa во однос на уставните измени вели дека тие не треба да бидат решение на политичките партии, туку, на пратениците и секој пратеник врз основа на своето убедување и визија како треба да се развива државата, и која е иднината на оваа држава, и дали носи подобро на граѓаните, тоа што граѓаните го избрале, треба така да се води и по тоа убедување да донесе одлука дали ќе поддржи или не.

– А уставните измени, никој не ја замајува јавноста дека значат веднаш интеграции, туку значат без политичка одлука да се започнат поглавја, а токму тогаш клучот е во наши раце, и од нас зависи како ќе ги движиме европските потези. И додека ние се расправаме за уставните измени, секој ден по еден млад човек си оди од држават, вели Зајкова.

Таа вели дека секој еден граѓанин со кој што ќе поразговарате на улица, или во кафуле, или било каде, ќе ви каже дека го мачат истите прашања, каков воздух дише, дали има ефикасен сервис на јавните услуги, дали има ефикасен јавен превоз.

– Во земјава има очајна партиска политика 30 години, затоа што граѓаните ако излезете и ги прашате ќе ви речат доста ни е веќе од празните флоскули на ВМРО, ДУИ, СДСМ, вие вака раководевте, вие онака. Токму затоа ни треба забрзан развој на државата бидејќи демографијата на крајот ќе не убие од тоа напаѓајќи се, кој сме и што сме. Ајде да зборуваме за подобар живот, да им презентираме на граѓаните дека буџетот повеќе нема да се троши за исплата на паушали и надоместоци на луѓе кои што седат во членови на управен одбор на комисии. Дека, нема да има злоупотреба на службени возила, дека од утре ќе се намалат ПМ честичките кои што ги внесуваме, дека ќе има подобар здравствен систем, додава таа.

Во однос на проширувањето на коалицијата со Алијанса на Албанците, ЛДП во рамки на Централниот одбор, дебатата се одвивала така дека не треба да се разговара дали тоа ќе значи проширување врз основа на пол, род, етничка припадност, меѓутоа, какви програмски цели нуди на граѓаните и што значи за државата и каков е кадровскиот потенцијал, поточно да се цени квалитет и да се разговара за квалитетот на програмите и кадрите, а не само за партиските цели.

– Како правник можам да кажам дека потфрли секоја влада, изминатите 30 години, затоа што со многу помали чекори, можевме да го реформираме правосудниот систем. Се изнаслушавме и за ветинг во правосудниот систем кој што ако ги прашате европските комесари, јас имав прилика да се сретнам со европскиот комесар за правда, Дидиeр, кој што доаѓа од редовите на АЛДЕ. Тие не се за ветинг, меѓутоа сметаат дека државите имаат механизми како да го реформираат правосудниот систем. Од реформи во судскиот совет, реформи во судската администрација, одговорност на судии, па дури и во она што највеќе не загрижува, а тоа е застареноста на кривичните дела, рече Зајкова.

ЛДП има кадри кои што учествувале и во креирање на тие стратегии за реформи на правосудството и за реформи во делот на антикорупцијата.

-Треба да бидеме искрени и да и кажеме на јавноста дека за да има реформи крупни во правосудниот систем не треба да бидат блокирани законите од областа на правосудство со месеци во матичните комисии, во кои што се наоѓаат. Затоа што ние, имаме закони кои што се донесени согласно стратегијата за реформи во правосудството и кои што се блокирани од ВМРО-ДПМНЕ, вели Зајкова.

Според неа за реформи во правосуден систем очигледно само зборуваме, 30 години никој не сака да направи ништо и очигледно на некого му одговара ваквиот хаос во правосудството со цел да нема одговорност, или секогаш гледаме дека кога едните се во опозиција го критикуваат правосудството, па кога ќе дојдат на власт забораваат на реформите кои што треба да ги спроведуваат во оваа област.

– И така цело време не гледаме никакви суштински реформи кои што се преземаат, туку гледаме како од година во година само системот тоне, а точно е едно дека секој ден по некој млад човек ни се иселува од државата и тоа треба да не загрижува и треба веќе стварно за одредени ресори да најдеме консензус и стварно да направиме суштински реформи доколку сакаме да видиме реформираност, а не да збориме како е полна јавната администрација, ама и нас да ни одговара да ја полниме после тоа јавната администрација и да не направиме пресек, и да не зборуваме за квалитет. Како сеа од една перспектива да зборуваме дека не чини правосудниот систем, па после тоа да не партиципираме во реформите кои што треба да донесат подобар правосуден систем и многу е лесно цело време само да се напаѓаме, да нема апсолутно никакви конкретни резултати, заклучува Зајкова.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога

10/04/2026
Македонија

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026
Македонија

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026
Македонија

Најстудено утрово на Попова Шапка

10/04/2026
Македонија

ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот

10/04/2026
Македонија

СОНЧЕВО, НО СВЕЖО И УМЕРЕНО ОБЛАЧНО Стабилно и суво време

10/04/2026
Македонија

СИТЕ АНАЛИЗИ ОД ОБДУКЦИИТЕ ЌЕ БИДАТ ПРЕЗЕНТИРАНИ Родителите на жртви

10/04/2026
Македонија

ЈАВНИОТ ОБВИНИТЕЛ САВЕСКИ НА СРЕДБА СО ТИМ ОД ДЗР Засилена

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42343
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ВЕЛИКИ ПЕТОК, НАЈТЕШКИОТ ДЕН ВО ГОДИНАТА ЗА ХРИСТИЈАНИТЕ Денот кога бил распнат Исус Христос

10/04/2026

Христијаните денеска го одбележуваат Велики петок, кој освен Велипеток уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е

Посебен режим на сообраќај утре во Скопје поради празникот Велигден

10/04/2026

По повод празникот „Воскресение Христово-Велигден” на утре (11.04.2025), Единицата за безбедност на патниот сообраќај при СВР Скопје ќе воведе посебен

Денеска започнува целосната примена на ЕЕС системот

10/04/2026

Од денеска Европската Унија започнува со целосна примена на новиот дигитален систем за контрола на влез и излез на странски

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy