Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ЗА ГАСОТ ПЛАЌАМЕ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ПОСКАПО ОТКОЛКУ ШТО МОЖЕВМЕ – дали некој за ова ќе сноси одговорност
Економија

ЗА ГАСОТ ПЛАЌАМЕ ТРИ МИЛИОНИ ЕВРА ПОСКАПО ОТКОЛКУ ШТО МОЖЕВМЕ – дали некој за ова ќе сноси одговорност

02/02/2023

AA

Веќе втор месец по ред се потврдуваат прогнозите дека државата ќе троши повеќе јавни средства за набавка на гас.

Па така, откако за јануари потпиша договор со бугарската компанија „Балкан Јутилитис“, а истото го направи и за февруари, државното претпријатие што раководи со топланите во Скопје, ЕСМ, за производство на топлинска енергија ќе плати гас поскап над три милиони евра, и тоа само за првите два месеци во годината. 

Она што треба да се знае е дека деновиве гасот на берзите се продава за 60 евра за мегават-час и таа цена се намалува, додека „ЕСМ продажба“ потпиша договор по фиксна цена од 98 евра за мегават-час, односно го купува за 60 отсто поскапо.

Според познавачите на состојбите, тука се отвораат низа прашања, меѓу кои најзначајното секако е дали некој ќе сноси одговорност за злоупотреба на службената положба и овластувања. 

Кога и самиот прв човек на компанијата што ја врши набавката потврдува дека гасот е значително поевтин, а претпријатието, сепак, одлучува да го купува по повисока и договорена цена, се отвораат сомнежи за несоодветно работење. Објаснувањата, притоа, дека ваквата политика се прави за да се заштитат крајните корисници, едноставно, не можат да се одбранат.

„Во моментот, да, се согласувам дека е пониска цената на берзата и има тенденција на паѓање, но да не заборавиме дека на берзите се случуваат преку ноќ енормни скокови на цената на природен гас. Ние тука сме заштитени, како државна компанија, не можеме да останеме отворени на пазарот и цената која ја плаќаат граѓаните во услови на криза некогаш да ја плаќаат енормно повисоко од тоа што треба“, рече директорот на ЕСМ во изјава за медиумите.

Притоа, навистина е нејасно како граѓаните се заштитени, кога и сега се плаќа гас што е поскап од тој на берзите, а не се знае кој на крајот ќе ги покрие евентуалните долгови што би се креирале како резултат на недомаќинското трошење. 

Дополнително, „Макпетрол“ преку соопштение извести дека нивната цена за февруари ќе биде пониска од таа за јануари, што значи не може да стане збор за некакво зголемување што граѓаните како крајни корисници би го почувствувале.

„Согласно договорот меѓу ‚Макпетрол’ АД Скопје и ‚Гаспром експорт’, како и движењето на цената на природниот гас на светските берзи, ‚Макпетрол’ АД Скопје ги известува своите потрошувачи и пошироката јавност дека цената на природниот гас за месец февруари ќе се намали за 40 отсто за мегават час, во однос на цената за месец јануари оваа година“, изјавија од „Макпетрол“ во соопштение за медиумите.

Ако се земе предвид цената на природниот гас од 1 јануари, што ќе важи до крајот на месецот, пресметано заедно, за три набавки на природен гас државата ќе плати 916 илјади евра без ДДВ, односно речиси 1,1 милион евра повеќе со вклучен данок на додадена вредност. За февруари, простата пресметка покажува дека на месечно ниво, односно за 28 дена, при нормална потрошувачка од 2200 MWh, разликата меѓу двете понуди изнесува 1.706.936 евра/MWh. При максимална потрошувачка од 3500 MWh, разликата изнесува дури 2.715.580 евра/MWh.

Вкупно за јануари и за февруари ова значи дека државата ќе потроши три милиони евра повеќе и тоа во најоптимистичката варијанта, но можно е оваа сума да биде и поголема. Останува да се види дали за ова некој ќе сноси одговорност или несоодветните политики ќе продолжат и во следниот период.

Фактор околу овие дилеми достави прашања до надлежните институции, а штом ќе ги добиеме одговорите, ќе ги објавиме во целост.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО

11/04/2026
Македонија

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто

10/04/2026
Македонија

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и

10/04/2026
Македонија

ПОЛИЦИЈАТА УПОРНО АПСИ, НЕСОВЕСНИ УПОРНО ВОЗАТ ПИЈАНИ И БЕЗ ВОЗАЧКА

10/04/2026
Македонија

Официјално: Со возачка дозвола од „Б“ категорија ќе може да

10/04/2026
Македонија

СКОПЈАНЕЦ СНИМАЛ ВО КАСАРНАТА ВО ТЕТОВО Полицијата му поднесе кривична

10/04/2026
Македонија

Голема мечка снимена од безбедносни камери во селото Горна Белица

10/04/2026
Македонија

НИЕДНА ПАРТИЈА НЕ БИЛА ТОЛКУ ПРОГОНУВАНА ОД СОРОСОИДНАТА ПРАВДА КАКО

10/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42364
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ДАЛИ СО ПОТКУПОТ ОД ДАКА ЗАЕВ ИНВЕСТИРА ВО ПЛАНТАЖИ ВО АФРИКА? Обвинителството да го истражи

11/04/2026

Колкав процент добил Зоран Заев од прорускиот бизнисмен Миодраг Давидовиќ Дака за ДУП-от во Тетово, дали парите од поткупот Заев

ТАЧЕ ПРИЗНА КАДЕ Е СЕГА СДСМ „Од четврто или петто место треба да се вратиме

10/04/2026

СДСМ веќе не се бори за првото место од втората позиција, туку се соочува со многу посериозен предизвик за враќање

СЛЕДУВА ПРИЈАТЕН ВЕЛИГДЕНСКИ ВИКЕНД Навечер дожд, преку денот сонце и северозападен ветер

10/04/2026

Времето утре ќе биде променливо облачно со сончеви периоди во текот на денот, најави Управата за хидрометеоролошки работи. Ќе има

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy