
За џамија во Арачиново комбе, а за Бигорски лустер, тепих, чајник, кандило и темјан – одлучи Агенцијата за одземен имот
Агенцијата за управување со одземен имот донесе одлука предметите кои се одземени да започне да ги донира.
Па така на Фејсбук страницата на директорот Дритон Небиу, кој доаѓа од редовите на Алијанса за Албанците, можат да се видат фотографии, но и документи за каде овие донации одат.
Па така, општината Арачиново си доби трактор.
„Од првиот ден со моето доаѓање во функција на директор на Агенцијата, се заложив да Агенцијата биде во располагање на нашите сограѓани, после многуте донации и отстсапувања на добра кон институциите, конечно е одобрено и барањето за Општина Арачиново, ке биде отсапено трактор со приколица се со цел да се олесни одржувањето на околината на општината. Јас како Директор на Агенцијата секогаш ќе се залагам да добрата бидат одстапени на местата каде што е најпотребно.Секогаш во слуга на граѓаните и државата!“, напиша Небиу.
Следната донација е исто така за Арачиново, но овој пат за џамија. На неа и е предадено „Цитроен џампер“.
Директорот вели дека Арачиново не е заборавено село, туку општина која заслужува и има безброј потреби од државните институции.
Донација доби и Бигорскиот манастир, но за разлика од останатите, тука ќе бидат донирани кандило, темјан, кутија чипка, тепих, но и лустер.
„Агенцијата за управување со одземен имот има закоснко право да отстапи конфискувани добра на државни институции, и со таа цел агенцијата излегува во пресрет да помогне согласно законските регулативи на сите граѓани и државни институции на Република Северна Македонија, согласно побарувањето направано од страна на “Одниси со верски заедници” на Бигорски манастир Свети Јован Крстител, имаме одлука правосилна која веќе помина на управен одбор и се очекува одлука од страна на владата да и се доделат добра“, вели директорот Небиу.