Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За 2,5 милиони евра се бара консултант за изградба на гасоводот со Грција
Економија

За 2,5 милиони евра се бара консултант за изградба на гасоводот со Грција

09/02/2023

AA

Операторот на гасоводната мрежа Номагас го објави повикот со кој се бара консултант за изградбата на гасоводот кој ќе ја поврзе Македонија со Грција. Надзорникот ќе треба да ги надгледува сите работи кои вклучуваат изградба на двонасочен гасен интерконектор Неготино – Евзони на македонска територија, помеѓу системите за природен гас на Македонија и Грција. Гасоводот е долг приближно 67 километри и има работен притисок од 74/54 бари. Работите вклучуваат и редукциона станица и придружни објекти.

Проектот е финансиран од Европската инвестициска банка, а сумата која се претпоставува дека ќе му се плати на консултантот за услугата е 2.450.000 милиони евра.  Времетраењето на договорот би изнесувал 39 месеци, односно се претпоставува дека толку време ќе треба да се изгради гасоводот.  Пристигнатите понуди ќе се отвораат на 6 март.

Во втората половина на февруари се очекува да биде распишан и јавниот повик за самата изградба на интерконекторот за природен гас со Република Грција, според претходните најави на министерот за економија Крешник Бектеши.

Во јули 2021 во Атина беше потпишан договорото помеѓу македонската и грчката влада за развој на интерконекцијата за пренос на природен гас Грција-Македонија.  Потоа следуваше и договор на ниво на национални оператори кои гарантираат за изградбата на интерконекторот помеѓу двете држави.

Вкупната вредност на овој проект изнесува околу 100 милиони евра. Од овие средства инвестицијата на Македонија изнесува 54 милиони евра. Гасоводот предвидено е да биде во заедничка должина од 123 километри и да се протега од Неа Месимвриа кон Неготино преку Гевгелија и да ги поврзува двата национални системи за пренос на природен гас.

Почетниот капацитет ќе биде 1,5 милијарди кубни метри годишно, со можност за проширување до 3 милијарди кубни метри годишно, а се спроведени и студии со цел гасоводот да има соодветни спецификации за транспорт на зелен водород.

Една од главните предности од изградбата на интерконекторот е подобрување на сигурноста во снабдувањето и ликвидноста на пазарот на гас во Македонија и снабдување со гас од Јужен коридор.

А.К.
TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и

12/04/2026
Македонија

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените

12/04/2026
Македонија

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026
Македонија

Тивок раст на цените во угостителството

12/04/2026
Македонија

ДА ГО ОЗАРИМЕ СВЕТОТ СО ВЕЛИГДЕНСКА РАДОСТ Светлината на воскреснатиот

12/04/2026
Македонија

ПРАВОСЛАВНИТЕ ВЕРНИЦИ ГО СЛАВАТ ВЕЛИГДЕН Симбол на победата над смртта

12/04/2026
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42396
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Димовски: Раст во ТИРЗ и покрај кризата, нови инвестиции и расчистување со старите злоупотреби

12/04/2026

Глобалните геополитички тензии и растот на цените на енергенсите создаваат сериозен притисок врз економијата, но компаниите во технолошко-индустриските развојни зони

Една одлука – повеќе спасени животи: Eве што носат измените за донирање на органи и

12/04/2026

Државата подготвува значајни измени во системот за донорство на органи, со кои секој граѓанин ќе може лично да се изјасни

Сѐ помалку основци, благо зголемување кај средношколците

12/04/2026

Новата учебна 2025/2026 година носи загрижувачки трендови во основното образование, но и мал оптимизам кај средното, покажуваат најновите податоци за

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy