Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 За 100 дена, на 8 мај, европскиот блок предводен од СДСМ ќе прогласи победа на изборите
Македонија

За 100 дена, на 8 мај, европскиот блок предводен од СДСМ ќе прогласи победа на изборите

28/01/2024

AA

Со Мицкоски и ДПМНЕ нема иднина, нема членство во ЕУ, туку враќање назад во изолација, неизвесност, криминал, корупција, поделби меѓу граѓаните, мали плати и пензии. Затоа, ова ќе бидат единствените 100 дена кога ДПМНЕ ќе има можност да биде власт, потоа повторно заминува во 4 годишна опозиција, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски денеска во македонското Собрание при изборот на техничката Влада.

-Во овие 100 дена ќе го поразиме концептот на хорот и враќање назад којшто го промовира Мицкоски. На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ! На слободни, фер и демократски избори ќе победи европскиот блок. А на 9-ти мај, Денот на Европа, европскиот фронт ќе прогласи формирање нова проевропска Влада којашто ќе обезбеди членство во ЕУ до 2030 година, потенцираше Каевски.

Пратениците од мнозинството предводено од СДСМ работеа за граѓаните, носеа закони за финансиска поддршка вредна 2,6 милијарди евра, за поголеми плати, пензии, намалување на давачките за народот. Но и одлуки со кои се овозможи почеток на преговори со ЕУ со заштитен македонски идентитет. Од друга страна ДПМНЕ и Левица спроведуваа активна блокада и наместо за граѓаните делуваа против интересот на државата. Дури ја блокираа и европската иднина на земјата и реформите на европскиот пат, што беше нотирано и во Извештајот на Европската комисија, рече Каевски.

-Тие два концепти сега повторно ќе се судрат на изборите оваа година. Нема трето, нема нешто помеѓу. Хорор и влечење за коса со Мицкоски и ДПМНЕ или европска иднина и поголеми плати со СДСМ и проевропскиот блок е изборот што им се нуди на граѓаните пред претстојните избори. На 8-ми мај заедно со граѓаните ќе го поразиме целиот хорор на ДПМНЕ!, рече пратеникот на СДСМ, Дарко Каевски.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

„Критични беа 10 секунди, немаше да излеземе живи“: Потресно сведоштво

09/04/2026
Македонија

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

09/04/2026
Македонија

СО „Б-КАТЕГОРИЈА“ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ МОТОР ДО 125 КУБИЦИ

09/04/2026
Македонија

Марјановиќ: Условите на Онкологија се нехумани и за пациентите и

09/04/2026
Македонија

Приведен турски државјанин – пронајдена дрога и компјутери преку кои

09/04/2026
Македонија

По загубата од поплавите колегите од Малешевијата застанаа зад Никола

09/04/2026
Македонија

Одложено рочиштето за убиствата на Вања и Панче – Боре

09/04/2026
Македонија

ТОКСИКОЛОШКИТЕ АНАЛИЗИ МОЖЕ ДА ОДАТ САМО КАЈ ОБВИНИТЕЛСТВОТО И КАЈ

09/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42292
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

„Критични беа 10 секунди, немаше да излеземе живи“: Потресно сведоштво на Мартин Димитров за пожарот

09/04/2026

Денешното рочиште за трагичниот пожар во дискотеката „Пулс“, во кој животот го загубија 63 лица, беше обележано со потресни сведоштва

Трипуновски: Обновено стопанството на сточарот Никола по поплавите

09/04/2026

Денеска министерот за земјоделство, шумарство и водостопанство, Цветан Трипуновски го посети сточарот Никола Колев, кој крајот на јануари претрпе штета

СО „Б-КАТЕГОРИЈА“ МОЖЕ ДА СЕ ВОЗИ МОТОР ДО 125 КУБИЦИ Еве кои други услови треба

09/04/2026

Собранието на Македонија ги изгласа измените во Законот за безбедност на сообраќајот на патиштата, со што се воведува долгоочекуваната новина

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy