
Вулканот Ибу повторно еруптираше, исфрлајќи пепел до висина од пет километри
Вулканот Ибу на островот Халмахер во Индонезија денес повторно еруптираше исфрлајќи пепел до висина од пет километри, соопшти Индонезиската вулканолошка агенција. Ерупцијата на вулканот траела околу две минути, а во радиус од седум километри од кратерот се забранети сите активности на населението, се наведува во соопштението. Немаше други наредби за евакуација, јавува Ројтерс.
