
ВУЧИЌ СЕ СРЕТНА СО СВОЈОТ ДВОЈНИК: Од него доби и подарок
Шефот на српската држава, Александар Вучиќ доби необичен подарок од својот двојник.
Српскиот претседател Александар Вучиќ, на својот профил на „ТикТок“ повторно објави видео со Далибор Голубовиќ, односно неговиот двојник.
Тој подготвил интересен подарок за претседателот, пренесува Телеграф.
„Почитуван претседателе, најпрво ви благодарам што дојдовте и што ме почитувате. Сакав да ви дадам нешто. Ова е супер херој како што сте вие херој на Србија. Мојата сопруга направи кукла што е подеднакво сакана и за возрасните и за децата“, рече тиктокерот.
Кога го отворил подарокот, Вучиќ видел плетена кукла со неговиот лик. Двојникот на Вучиќ снима видеа во кои го имитира Вучиќ.

