ВУЧИЌ СЕ ПОФАЛИ: Србија е поподготвена за членство во ЕУ отколку што беа повеќето земји кога беа примени
Српскиот претседател Александар Вучиќ изјави дка Србија денес е поподготвена за членство во Европската Унија(ЕУ) отколку што беа повеќето земји кога беа примени.
Вучиќ изјави денеска дека очекува Европската унија да донесе стратешка политичка одлука за прифаќање на Србија како членка.
„Треба да ја погледнете економската сила на Србија. Ние би сакале да биде поголема, значително поголема од она што беа 40 или 50 отсто од членките на Европската унија пред да влезат во ЕУ“, изјави Вучиќ.
Тој додаде дека ако денес се анализира кои земји можат да ги исполнат сите критериуми за влез во ЕУ кои се ставени пред Србија, мал број вели ги исполниле тие критериуми.