
ВУЧИЌ СЕ ЛУТИ: Политичките противници ја навредиле мајка му
Противниците на српскиот претседател Александар Вучиќ ја навредувале мајка му и тој се лути.
Вучиќ денеска во врска со новите напади на неговата мајка изјави дека неговите политички противници, кои ги нарече губитници, повторно употребиле најодвратни зборови и лаги за неа, но тој им порача дека никогаш нема да ги „чепне“ нивните семејства.
„Последниве денови, по проверен рецепт, кога не знаат како да ги победат поуспешните од нив, моите политички противници виновникот го најдоа во мајка ми Ангелина. Повторно ги употребија најодвратните зборови и лаги“, напиша Вучиќ на својот Инстаграм профил.
Заедно со објавата тој сподели слика со родителите во зградата на Претседателството на Србија. Претседателот им порача на политичките противници дека нивните семејства никогаш нема да бидат допрени. И претходно, пратеници го пцуеја Вучиќ.