
ВУЧИЌ: Кога бевме мали, земав мајонез и магдонос и ги ставав во сендвич, нема поубаво
Српскиот претседател Александар Вучиќ, одговори на интересни и „тешки прашања“.
Го прашаа дали повеќе сака мортадела или паризер.
„Едвај ја препознавам разликата. Го сакам сето тоа. Кога бевме мали, земав мајонез и магдонос и ги ставав во сендвич. Нема ништо поубаво“, рече тој.
Имаше и шеговити прашања, за шкодата.
„Шкодата вреди повеќе .Иако е 2006-то годиште ама оди одлично, не би ја продавал“, објасни Вучиќ.
Рече дека не ја дава за 500 евра и дека вреди повеќе.
Инаку, Вучиќ покажа дека јаде сендвич со паризер, откако граѓаните се подбиваа со мерките за намалување на цените на одредени намирници. Граѓаните не веруваа дека претседателот јаде паризер.