
Вучиќ: Еден месец по завршувањето на војната во Украина, целиот свет ќе процвета
Ако заврши војната, светот ќе процвета за еден месец, вели српскиот претседател Александар Вучиќ за војната во Украина.
Вучиќ денеска е во посета на Прибој и ја коментираше војната во Украина.
„Само ако престанат да ја водат оваа војна…Кредитите сега се скапи. Горивото порасна драстично“, рече Вучиќ.
Тој изрази надеж дека поради изборите во Америка нешто може да се промени во врска со војната.
„Имаат две опции. Едната е да го напаѓаат Трамп, претставувајќи се како попатриотски настроени и помагајќи и поддржувајќи ја Украина, што не сум сигурен дека ќе им донесе победа, зборувам за демократите. Втората е да се стави крај на војната и да се претстават како оние кои донесоа мир. Во тој случај целиот свет би ги славел. Еден месец по завршувањето на војната во Украина, целиот свет ќе процвета“, изјави Вучиќ.
Но, вели дека порад војната секогаш мораат да бидат подготвени за потешки ситуации и кризи.
Висок украински функционер изјави дека во неделата се воделе тешки борби во североисточниот дел на земјата,и постигнале успешен напредок на некои места.
Режимот во Киев неефикасно и бесцелно троши милијарди евра помош од НАТО, што покренува прашања меѓу западните даночни обврзници, велат од Кремљ.
