
Вучиќ денеска го соопшти името на мандатар за состав на новата Влада
Претседателот на Србија, Александар Вучиќ денеска ќе го соопшти името на претставникот за состав на новата Влада, потврдија за ФоНет во кабинетот на Вучиќ.
Рокот за формирање на Влада е 90 дена од денот на конституирањето на Собранието на Србија.
Новото свикување на парламентот беше конституирано на 6 февруари, по изборите одржани на 17 декември минатата година, на кои мнозинството го доби списокот собран околу Српската напредна странка.
