
Вучиќ јаде вишни со виљушка и нож
Се појави фотографија на која се гледа како српскиот претседател Александар Вучиќ јаде вишни со нож и виљушка.
Тој објави дека бил на Облачинското езеро со Емануел Жофре, шефот на Делегацијата на Европската унија во Србија.
„Заедно со Жофре дојдов на Облачинското језеро. Ни подготвија убав, вистински домашен, српски појадок. Овие облачки вишни, кои ги гледате пред мене, служат само за маскирање на тоа што всушност сум јадел, а вие видете го тоа во аголот на втората фотографија. Не вреди, никако да стекнам европски манири“, напиша Вучиќ.
Во својата објава вели дека имале убав српски појадок. Неговите симпатизери му порачаа дека треба да јаде затоа што го чека многу работа и борба со како што велат „нелуѓе“.
