
ВУЧИЌ ЈА ПРОВОЗЕ СОПРУГАТА СО ВОЗ СО ПРОБНИ ВАГОНИ : „За ова има посебна причина“
Српскиот претседател Александар Вучиќ на инстаграм се пофали дека патува со сопругата до Суботица со новите пробни вагони.
„Еднаш отидов со воз за Нови Сад со сопругата Тамара. Денес одиме по втор пат. За ова има посебна причина, бидејќи овој пат патувањето до Суботица ќе го продолжиме во таканаречените пробни вагони. Тамара вели дека кафето е добро, а мојата кока кола зиро е ладна како што треба. Претпоставувам дека ќе ги испиеме додека да стигнеме до Нови Сад.“ напиша тој.

