Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Второлигашот Беса ги промовира Арменд Алими и Бурим Садики (ФОТО)
Спорт

Второлигашот Беса ги промовира Арменд Алими и Бурим Садики (ФОТО)

14/06/2023

AA

Второлигашот Беса најави сериозни амбиции за Првата лига, откако се остварија најавите за ангажман на долгогодишниот фудбалер за врска на Шкендија, а во последните две сезони на Работнички, Арменд Алими, како и на искусниот екс-фудбалер на Ренова, Бурим Садики, исто така играч од средниот ред.

Уште во минатата недела беше најавено дека овој двоец ќе биде сериозно засилување за Беса, која во изминатата сезона го освои шестото место, па денеска двајцата фудбалери и официјално се нови членови на клубот од гостиварски Добри Дол.

Алими со Шкендија освои три титули, доаѓа како слободен играч и е сериозно засилување за средниот ред, плус и со интернационално искуство во хрватска Истра, шведски Оребро и кипарските Неа Саламис и Ермис.

Садики цела деценија играше во Ренова, по што замина во второлигашот Арсими откако ланското лето „гипсарите“ се повлекоа од прволигашката конкуренција и го расформираа сениорскиот погон. Садики е надополнување на средниот ред на Беса.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне

08/08/2026
Македонија

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што

08/08/2026
Македонија

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе

08/08/2026
Македонија

До кога ќе ги малтретирате граѓаните со километарски колони? ЛДП

08/08/2026
Македонија

25 години од Карпалак, најбројниот масакар во воениот конфликт во 2001г.

08/08/2026
Македонија

Андоновски: Националниот дата-центар ќе биде со капацитет под 1 MW,

07/08/2026
Македонија

Изгоре противпожарно возило во Струга, повредени двајца пожарникари

07/08/2026
Македонија

Портокалова фаза низ целата држава: Утре не чека пекол со

07/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44914
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Полицијата уапси возач од Арачиново кој избегал без да помогне во несреќата кај Радишани, во

08/08/2026

Во Албанија се запали комбе со македонски регистарски таблички што превезувало пилиња

08/08/2026

Комбе со македонски регистарски таблички се запали утрово во близина на патот што води кон Кемиштај, кај Лушња, Албанија. Возилото

Се обновува патот од Првата светска војна на Пелистер, ќе ги поврзе Големото Езеро и

08/08/2026

Стариот земјен пат на Пелистер, кој потекнува од периодот на Првата светска војна, треба повторно да биде ставен во функција

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy