Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Втор ден се продава леб од 30 до 33 денари – штипските пекари сметаат дека треба да им се излезе во пресрет на граѓаните
Македонија

Втор ден се продава леб од 30 до 33 денари – штипските пекари сметаат дека треба да им се излезе во пресрет на граѓаните

02/03/2023

AA

Во пекарите во Штип и денеска има леб кој се продава по цена од 30 до 33 денари во зависност од грамажата и типот на леб.

Николче Малинов, кој е сопственик на пекара, во изјава за МИА вели дека пекарите кои вчера ја намалија цената на лебот и до пет денари работат на работ на рентабилноста, но дека се одлучиле на овој потег бидејќи мерката е донесена од Владата и сметаат дека во услови на криза треба да им се излезе во пресрет на граѓаните.

Засега, вели, немаат проблеми со исплатата на платите на вработените и со процесот на производство.

– Ние сме да речам на границата на исплатливоста. Пресметките ќе ги дознаеме по еден месец, кога ќе ни дојдат сметките за струја и другите сметки, вели Малинов.

Посочува дека репроматеријали за производство на леб имаат за два до три месеци, а ќе следат и дали ќе има зголемување на берзите, од што ќе зависи цената на лебот.

Според проценките на пекарите, во Штип се продаваат од 10.000 до 15.000 парчиња леб. МИА вчера прва објави дека нема проблем со производството и снабдувањето со леб и пецива низ штипските пекари и дека цената е намалена за пет денари.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
Македонија

4 активни пожари низ Македонија

16/08/2026
Македонија

Операција „Вардарис“ разби шема за шверц: Дрога вредна милиони скриена

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45048
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026

Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните бараат итна реакција!

16/08/2026

Скендал и бран реакции во јавноста предизвикаа фотографиите и видеата од потопената црква „Св. Никола“ во Маврово, на кои се

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026

На 16.08.2026 околу 02:35 часот во СВР Скопје К.Б.(70) од Скопје пријави дека во с.Бардовци, скопско кон домот бил фрлен

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy