Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Ковачевски ги охрабрува американските компании да инвестираат во Македонија, како стабилна и безбедна дестинација
Македонија

Ковачевски ги охрабрува американските компании да инвестираат во Македонија, како стабилна и безбедна дестинација

02/03/2023

AA

Премиерот Димитар Ковачевски денеска оствари средба со претставници од американската бизнис заедница, кои имаат интерес за инвестирање во Република Северна Македонија.

Делегацијата од американски бизнисмени беше предводена од Ерик Мејер, заменик шеф на Мисија во Амбасадата на САД во Скопје, како и специјални претставници од Стејт департментот.

Тема на разговор на денешната средба беа условите за инвестирање во државава, посебно во делот на зелената енергија, како и поволностите кои земјата ги нуди за инвеститорите.

Поздравувајќи го интересот на американските компании за инвестиции во државава, премиерот Ковачевски ги охрабри присутните бизнисмени да ги разгледаат можностите за вложување во различни сектори.

Тој истакна дека Република Северна Македонија е веќе препознаена од страна на други инвеститори како стабилна и безбедна дестинација за инвестирање.

Премиерот Ковачевски ги информираше присутните дека според актуелната законска регулатива, вкупната финансиска поддршка која може да биде исплатена, не може да надмине 50% од висината на реализираните оправдани инвестициски трошоци.

При тоа, тој ги спомена олеснувањата за странските инвеститори, како: повратот на инвестициските трошоци, ослободувањето од плаќање комунални такси на локалната самоуправа и такси за земјиште за одобренија за градба, како и олеснувањата во однос на даноците.

Премиерот Ковачевски, ги запозна претставниците од американските компании, дека Владата на Република Северна Македонија во наредниот период ќе се фокусира на целосно регионално патно, железничко, инфраструктура и енергетско поврзување.

За таа цел, премиерот на состанокот говореше и за проектите чија реализација е тек, како и идните планови за регионално и меѓународно поврзување.

На состанокот присуствуваа претставници од Ексим банка, Иновацискиот фонд за енергетика на Безос, Сименс Енерџи, заменик претседател на американско централно европската бизнис асоцијација и други.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура

16/08/2026
Македонија

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски

16/08/2026
Македонија

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026
Македонија

Туристи се качуваат по црквата „Св. Никола“ во Маврово, граѓаните

16/08/2026
Македонија

Експлозија во куќа во Бардовци: Оштетени скали, прозорец, возило, порта

16/08/2026
Македонија

Мицкоски по кривичните за водата во Гостивар: СДСМ го штити

16/08/2026
Македонија

Не паничете: Во касарна „Илинден“ утре ќе има почесна артилериска

16/08/2026
Македонија

Спасувачка акција на Пелистер кај Мало езеро, има повредено лице

16/08/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45050
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Ангелов: Монтиравме базен до реката Треска за хеликоптерот да истура вода на секои четири минути

16/08/2026

Директорот на ДЗС, Стојанче Aнгелов истакна дека заради зголемување на ефикасноста на полицискиот хеликоптер, кој учествува во гаснењето на пожарот

Малолетници нападнале и му се заканувале на малолетник во Градски парк во Скопје

16/08/2026

На 16.08.2026 во 02:25 часот во СВР Скопје М.С.(51) од Скопје пријави дека на 15.08.2026 околу 20:00 часот на подрачјето

Успешна спасувачка акција на Пелистер: Спасено повреденото лице

16/08/2026

Денеска, во 12:04 часот, преку Единствениот број за итни повици 112 е примена пријава за повредено лице кое се наоѓало

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy