Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 „Вртењето кон обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во годините пред нас“: Божиновска од Женева
Економија

„Вртењето кон обновливи извори на енергија е еден од главните приоритети во годините пред нас“: Божиновска од Женева

18/09/2024

AA

Министерката за енергетика, рударство и минерални суровини
Сања Божиновска учествува на „Неделата на одржлива енергија“ што се одржува во
Женева, Швајцарија. Како панелист на две панел дискусии министерката даде свој
осврт за насоките според кои се имплементира праведната транзиција, како
нераскинлив  дел од процесот  на зелена транзиција на земјите од регионот,
исто така говореше на темата за забрзување на енергетската транзиција.

 – Задоволна сум што како земја повторно имаме можност да
учествуваме директно во дискусиите на еден од најреномираните настани за
енергетика во Европа. Овој неколкудневен настан ќе ни помогне да го пренесеме
нашиот став како Влада во врска со сериозните процеси што го очекуваат регионот
на патот кон зеленото сценарио, декарбонизацијата и намалувањето на емисиите на
јаглерод диоксид. Вртењето кон обновливите извори на енергија е наш императив и
еден од главните приоритети во годините пред нас. Сигурна сум дека со колегите
од регионот на УНЕЦЕ ќе имаме исклучителна можност за вмрежување и отворање на
дискусии за сите предизвици во носечките процеси на енергетска транзиција – изјави Божиновска. 

Божиновска оствари билатерални средби со значајни
претставници и чинители во полето на одржливата енергија, како
заменик-извршниот секретар на UNECE, Дмитриј Маријасин, државниот секретар во
Министерството за енергетика на Молдавија, Каролина Новак, и учествуваше на
работен состанок со претседавачите на Комитетот на UNECE за одржлива енергија
Јурген Кејнхорст и Маргалита Арабидзе.

Работата на УНЕЦЕ, 
како организатор на Неделата на одржлива енергија е со цел да се подобри
пристапот до достапна и чиста енергија за сите и да помогне во намалувањето на
емисиите на стакленички гасови и јаглеродниот отпечаток на енергетскиот сектор
во регионот. Овој настан се фокусира на широката дискусија за изградба на
еластични енергетски системи за праведна енергетска транзиција во регионот на
УНЕЦЕ. 

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy