Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Врховен суд: Голем дел од судовите ажурно ја завршиле 2022 година
Македонија

Врховен суд: Голем дел од судовите ажурно ја завршиле 2022 година

29/03/2023

AA

Голем дел од судовите во Република Северна Македонија со постоечките персонални, материјални и финансиски услови за работа, успеале да го совладаат приливот на нови предмети, а решавале и од заостатокот, со што ажурно ја завршиле 2022 година, констатирано е на проширената Општа седница на Врховниот суд на Република Северна Македонија, на која биле разгледани извештаите за работата на судовите во државава.

Проширената Општа седница се одржа со присуство на судиите на Врховниот суд на Република Северна Македонија, претседателот на Вишиот управен суд и претседателите на четирите апелациони судови во државата.

На седницата, како што соопшти Врховниот суд, присуствуваа и претседателот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Весна Дамева и членот на Судскиот совет на Република Северна Македонија, Зоран Герасимовски.

-На седница беше истакнато дека судовите 2022 година ја започнале со 96.204 предмети како остаток од претходната година. Во текот на 2022 година примени се нови 571.115 предмети кои заедно со предметите повторно во работа 5.736 и погрешно заведени 232 предмети, вкупно имале 672.823 предмети. Решени се 564.850 предмети, останале нерешени 107.974 предмети, што како крајна констатација е дека заостатокот е зголемен за 6265 предмети, се наведува во соопштението од Врховниот суд.

Алармантната состојба со намалениот број на судии тргнувајќи од Врховниот суд па и во сите судови, како што е истакнато во соопштението, остава впечаток дека со изборот на нови судии, пополнувањето на судовите со соодветен кадар по упразнувањето на работните места, со континуирана едукација, како и со подобрување на материјалната и финансиска состојба, ќе може да се надмине затечената состојба на зголемување на заостатокот на предметите.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy