Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вреди: Тури пепел на партија чија иднина ја крои „вечниот“ Бујар Османи!
Македонија

Вреди: Тури пепел на партија чија иднина ја крои „вечниот“ Бујар Османи!

26/04/2025

AA

Од Вреди попладнево велат дека човекот кој со години го мерка тронот на Али Ахмети се однесува како да е паднат од Марс, а не како да бил дел од сите Влади и прошетал еден куп ресори и секаде оставил скандали зад себе.

„Бујар Османи и ДУИ, и по 20 години апсолутна власт, сè уште не го научија ниту занаетот на достоинствено владеење, ниту културата на политичко однесување во опозиција. Денес ги гледаме заробени во патетична паника, молејќи за власт како да е нивниот последен политички здив.

Во отсуство на каква било идеја или визија, продолжуваат да ги лажат своите гласачи со празни ветувања и бедни повици за предвремени избори – сето тоа само со една цел: да се спасат себеси, своето богатство и досиејата што секој ден излегуваат на виделина.

Граѓаните многу добро знаат со кого имаат работа:

И сега мислат дека Албанците повторно ќе им веруваат? Каде ви се ISO-стандардите? Дали ги завршивте? Дали добивте одговор од европските институции за вашите писма без одговор? Народот знае многу добро – вие само лажете и крадете!

Сите знаат дека во собраниската Соба 16, таканаречениот „Европски фронт“ – ДУИ се понижи до крај: понуди четири министерства и претседател на Собранието само за да влезе во Влада со ВМРО-ДПМНЕ наместо Коалицијата ВРЕДИ.

Не е чудо што денес, кога ДУИ повеќе нема ниту реална власт, ниту влијание, се служат со потпалувачка реторика за наводно лажно понижување на Албанците, само затоа што тие се во опозиција. За нив, власта е извор на моќ и богатство, а не одговорност за обезбедување сегашност и иднина за својот народ.

Денес, кога досиејата за корупција им експлодираат едно по едно, ДУИ бара „пократок излез“ преку вештачки кризи и закани за бојкот на изборите. Не за Албанците. Не за иднината. Туку за да го покријат своето криминално минато. Не разбираат дека без програмска и кадровска реформа нема да помирисаат власт многу долг период!“, велат од Вреди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026
Македонија

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026
Македонија

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран

11/04/2026
Македонија

ПРИТИСОК ВРЗ СОФИЈА ЗА НЕПРАВДАТА КОН МАКЕДОНЦИТЕ Во рок од

11/04/2026
Македонија

📷 📽️ НЕ ШМРКАВ КОКАИН И НЕ БЕВ КРИМИНАЛЕЦ ЗА

11/04/2026
Македонија

Македонија меѓу земјите со најголемо поскапување на јајцата пред Велигден

11/04/2026
Македонија

ПОВРЕДЕН ПИТ-БУЛ НАЈДЕН ВО БАГАЖНИК, УЧЕСТВУВАЛ ВО БОРБИ Приведени 19-годишник

11/04/2026
Македонија

📷 ПРЕТСЕДАТЕЛКАТА ГИ ВАПЦАШЕ ЈАЈЦАТА Сиљановска-Давкова повика на надеж и

11/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42390
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПАД ОД КАРПА КАЈ МАРКОВИ КУЛИ Тешко повреден српски државјанин

11/04/2026

Државјанин на Србија се здобил со тешки повреди откако паднал од карпа за време на спортски активности на непристапен терен

СОНЦЕ И ПОТОПЛО ВРЕМЕ Температурите ќе достигнат до 20 степени

11/04/2026

Утре во Македонија времето ќе биде сончево и потопло со мала до умерена облачност. Ќе дува слаб до умерен ветер

3 ЛИЦА СЕ УАПСЕНИ, ПРИЈАВЕНИ СЕ ШЕСТ ИНЦИДЕНТИ Нов бран на семејно насилство во земјата

11/04/2026

Три лица се уапсени, а вкупно шест случаи на семејно насилство се пријавени во последните 24 часа во Штип, Куманово,

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy