Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вреди: ДУИ како да посакува ВМРО-ДПМНЕ да победи со над 60 пратеници
Македонија

Вреди: ДУИ како да посакува ВМРО-ДПМНЕ да победи со над 60 пратеници

28/04/2025

AA

Од коалицијата Вреди велат дека ДУИ како да посакувале ВМРО-ДПМНЕ да победи на следните избори со над 60 пратеници.

„Најголемите гревови кон сопствениот народ ги прави ДУИ. Ако некој работи против интересите на Албанците во Македонија тоа несомнено се Али Ахмети и Бујар Османи. Само политички аматери не може да предвидат дека на локални заедно со предвремени парламентарни избори, ова ВМРО-ДПМНЕ, во ваква кондиција, со ваква слаба опозиција, ќе биде апсолутен победник. Со мнозинство од повеќе од 60 пратеници.

Се додека во парламентарните комбинации нема двотретинско мнозинство без пратениците на ВМРО-ДПМНЕ, опозицијата СДСМ и ДУИ нема право лажно да плаче за ЕУ перспективите. Малку му беше на ДУИ што меѓудругото и заради нивното криминално поведение во Владата на СДСМ, на минатите парламентарни избори ВМРО-ДПМНЕ од опозиција победи со 58 пратеници, сега и кога се во опозиција со лажните и манипулативни наративи за наводна деалбанизација уште повеќе ги зајакнува.

 Албанците не се наивни да веруваат во лагите на ДУИ. Тие бараат предвремени парламентарни избори за да издејствуваат “Пржинска Влада”, во која министер за внатрешни ќе даде нивниот политички контролор СДСМ. Ахмети во тој период од 100 дена гледа шанса да ги уништи доказите за корупција за неговите поранешни функционери.

Ако нема предвремени парламентарни избори ДУИ не сака да оди само на локални избори. Зошто? Затоа што 22 години одеа на избори од позиција на власт, со злоупотреби на МВР, со уцени на вработени во администрација, купуваа гласови со народни пари, полнеа гласачки кутии, ја фаслификуваа волјата на гласачите. 

Сега се уплашени. Коалицијата ВРЕДИ ќе ги победи на слободни, фер и демократски локални избори. Граѓаните ќе ги вратат во реалноста. Конечно, ќе се соочат со за нив многу суровата реалност. 

Без програмска и кадровска реформа нема што да бараат од гласачите!“, велат од Вреди.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Грчев за 35 години независност: „Знамето го создававме во време

08/09/2026
Македонија

Американскиот државен секретар Марко Рубио го честиташе 8 Септември: САД

08/09/2026
Македонија

„Луѓе, имаме држава!“ е пораката на Горан Михајловски за 35

08/09/2026
Македонија

35 години независна Македонија: Како изгледал плакатот што ги повикувал

08/09/2026
Македонија

Вратите се отвораат во 17 часот: Важни информации за посетителите

08/09/2026
Македонија

35 години независност одбележани од длабочините на Охридското Езеро

08/09/2026
Македонија

АНКЕТА | По 35 години независност, во каква Македонија сакате

08/09/2026
Македонија

Грчев: Знамето треба графички да се доработи

08/09/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 45549
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Грчев за 35 години независност: „Знамето го создававме во време кога државата беше под блокада“

08/09/2026

Триесет и пет години по прогласувањето на независноста, македонското знаме останува еден од најпрепознатливите симболи на државата. Неговиот автор, архитектот

Американскиот државен секретар Марко Рубио го честиташе 8 Септември: САД се горди што стојат со

08/09/2026

Американскиот државен секретар Марко Рубио упати честитка до граѓаните на Северна Македонија по повод 35-годишнината од независноста, истакнувајќи го цврстото

„Луѓе, имаме држава!“ е пораката на Горан Михајловски за 35 години независност

08/09/2026

„Луѓе, имаме држава!“ Ова е пораката со која новинарот Горан Михајловски сака да ја одбележи 35-годишнината од независноста на Македонија.

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy