Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработените во Култура и денеска на протест – бараат средба со министерот за финансии
Македонија

Вработените во Култура и денеска на протест – бараат средба со министерот за финансии

29/03/2023

AA

И на денешниот протест вработените од Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм побараа од министерот за финансии Фатмир Бисими да ги прими и да ги слушне нивните барања. Тие уште еднаш испратија апел за зголемување на нивните плати за 30 проценти, по примерот на зголемувањето на платите во Министерството за финансии.

– Четири дена министерот Бисими не издвои десет минути од своето време, од својата агенда да не удостои со своето внимание за да ги слушне нашите барања. Уште една манифестација на нерамноправниот однос на надлежните кон вработените во јавниот сектор. Уште една потврда дека вработените во одредени министерства се поважни од другите. Уште една потврда дека не постои волја да се решаваат работите туку да се наметнуваат решенија кои се поволни за едните, но не и за другите, порача претседателот на Синдикалната организација на УПОЗ при Министерството за култура, Бранко Костовски, на денешниот протест што се одржа четврти ден.

Тој потенцираше дека Министерството за култура, Управата за културно наследство и Агенцијата за филм немаат склучено никаков колективен договор на ниво на работодавец. Според него, 70 проценти од вработените во Министерството, односно 90 проценти во Управата имаат подпросечна плата во државата.

– Колективниот договор кој вчера беше посочен од страна на претседателот на Владата се однесува за вработените во установите од областа на културата, а не на вработените во Министерството, Агенцијата и Управата. Бараме достоинствена валоризација на нашиот труд, бараме зголемување на платите за 30 проценти по примерот на зголемувањето на платите во Министерството за финансии, го бараме она што го заслужуваме, додаде Костовски.

Тој посочи дека нема да отстапат од нивните барања. Како што рече, подготвени се на дијалог, но во отсуство на истиот, ќе бидат принудени да бараат нови начини за изразување на нивното незадоволство.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот,

12/04/2026
Македонија

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на

12/04/2026
Македонија

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026
Македонија

Обид за опожарување на Еврејската заедница и синагогата во Скопје

12/04/2026
Македонија

ЈАНЕЗ ЈАНША ВО ЖЕСТОК ДУЕЛ СО МАКЕДОНКАТА СТОЈМЕНОВА ДУХ Кој

12/04/2026
Македонија

5 ВОЗАЧИ ДИВЕЕЛЕ НА ПАТИШТАТА Фатени за безобѕирно возење, без

12/04/2026
Македонија

ЦИКЛОНОТ ОД ЏЕНОВА ЌЕ ДОНЕСЕ ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ По празниците нè

12/04/2026
Македонија

МЕРКАТА ЗА САМОВРАБОТУВАЊЕ ВО ПОДЕМ КАЈ МЛАДИТЕ Речиси 1.900 бизниси

12/04/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42416
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Филипче остро по падот на Орбан: ВМРО-ДПМНЕ го изгуби сојузникот, нема веќе криење за Груевски!

12/04/2026

Лидерот на опозициската СДСМ, Венко Филипче, преку социјалните мрежи упати силна реакција по повод историскиот пораз на долгогодишниот унгарски премиер

ВЕТЕР СО НАД 60 KM/ЧАС И ПРОМЕНЛИВО ВРЕМЕ Почетокот на неделата со сонце, па дожд

12/04/2026

Времето во понеделник, 13 април, ќе биде сончево со умерена облачност. Ќе дува умерен, а наместа долж Повардарието повремено засилен

Метео аларм: Силен ветер долж Повардарието со над 60 км/ч

12/04/2026

За утре (13 април 2026 година) е издадено метеоролошко предупредување поради најава за засилени воздушни струења и силен ветер во

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy