Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Вработените во Филхармонија на протест пред Влада
Македонија

Вработените во Филхармонија на протест пред Влада

16/06/2023

AA

Денеска во 12:30 часот, вработените во Македонската филхамонија ќе одржат нов протест пред Владата , бидејќи се уште нема решение, ниту интерес од државата за решавање на проблемот кој настана со носењето на одлуката просторно да се смести уште една институција во концертната сала која е изградена за Филхармонија.

„Вработените во Македонска филхамонија не протестираат против џез оркестарот, како што одредени новинари и поединци сакаат да ја извртат вистината во последниве три месеци. Вработените во Филхармонија протестираат бидејќи не дозволуваат во нивниот простор, зграда, објект наменски изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата да биде сместена уште една институција.

Нашата борба да си го зачуваме работниот простор кој го добивме по 77 години постанарски живот во објекти кои не го биравме ние, туку одевме каде што ќе ни сугерира државата и никогаш не се побунивме поради тоа – продожува и нема да запре! Со ист жар и посветеност ќе се бориме и против лажните вести кои редовно и оркестрирано се пласираат во јавноста со една единствена цела – да се извртат вистината, аргументите и фактите кои се на наша страна.

А фактите говорат дека: Објектот е изграден да ги задоволи потребите на единствениот симфониски оркестар во земјата. Тоа е првичната и единствена намена на концертната сала на Филхармонија. Тоа што некој сега сака насилно да ја изврти намената на овој објект е симптоматично и само по себе зборува дека некој заткулисно сака да истера свои лични интинтереси.

Нашата држава досега не покажа интерес за решавање на проблемот, и со тоа потврди дека нема интерес ниту за култура, ниту за традиција, ниту за трајни историски вредности. Она што загрижува е и фактот дека некои медиуми без тронка совест и одговорност ги погазија основните принципи на новинарскиот кодекс. Заборавија дека треба бидат „коректив“ на власта, и објективно да ги презентираат проблемите на граѓаните во јавноста. Наместо објективност, некои медиуми и поединци, преку ширење лажни вести и дезинформации отворено и без тронка одговорност поттикнуваа говор на омраза кон нашата институција. Наместо да бидат коректив, некои новинари, за жал, станаа огледало на нашата држава.

Личните интереси, непрофесионалноста, неукоста и бесрамноста се принципи по кои се водат нашите политичари кои немаат интерес да ги решат клучните проблеми со кои се соочуваат граѓаните. Културата секако не е приорет, кога ќе се спореди со животно загрозувачките проблеми кои ги мачат граѓаните, но, тоа не значи дека со неподнослива леснотија треба да се избрише традицијата создавана со децении. Затоа, нашата борба нема да запре, се до конечната промена на штетната одлука која ја донесе Владата“.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на

16/02/2026
Македонија

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат

16/02/2026
Македонија

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана

16/02/2026
Македонија

БИТОЛСКИТЕ ПОЖАРНИКАРИ НА ПОМОШ ВО КИЧЕВО: Испратени екипи и опрема

16/02/2026
Македонија

КРИТИЧНО НИЗ ПОЛОГ: Поплавени куќи, падна потпорен ѕид врз куќа,

16/02/2026
Македонија

ПАДНА ПОТПОРЕН ЅИД ВРЗ КУЌА ВО ТЕТОВО, ЗАГРОЗЕНИ ОБЈЕКТИ НА

16/02/2026
Македонија

Скопјанец ги нападнал мајка му и сопругата, користел и остар

16/02/2026
Македонија

Црвен крст на терен, во Кичево штета има во 362

16/02/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 41525
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

ПОПЛАВЕНИ СЕ 500 ОБЈЕКТИ ВО ФОРИНО Куќите биле изградени на помалку од 1 метар од

16/02/2026

Волонтерските тимови на Црвениот крст се на терен во селото Форино, каде по извршената проценка е утврдено дека најкритична точка

„На маса не нè слушаат, па затоа ќе нè слушаат од улица“: ССМ утре ја

16/02/2026

Сојузот на синдикатите на Македонија (ССМ) утре во 11 часот ќе ги блокира сите влезови на Владата. Ова е последната

Девојка насилно внесена во возило кај Бит Пазар и истепана од поранешниот партнер!

16/02/2026

На 15.02.2026 во 23:05 часот во СВР Скопје, 27-годишна жена пријави дека oколу 21:00 часот на подрачјето на Бит Пазар

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy