ВОЗЕТЕ ВНИМАТЕЛНО И ОДГОВОРНО ЗА ВРЕМЕ НА ВЕЛИГДЕНСКИТЕ ПРАЗНИЦИ Алкохолот и воланот не одат заедно, секој живот е важен

Републичкиот совет за безбедност на сообраќајот на патиштата упатува апел до сите учесници во сообраќајот на зголемено внимание и одговорност, особено во деновите од велигденските празници кога се очекува зголемен интензитет на сообраќајот, особено кон туристичките места.
Со пораката „Секој живот е важен“, РСБСП потсетува дека почитувањето на сообраќајните правила и прописи се најдобриот пријател на безбедноста во сообраќајот.
„Безбедноста не е индивидуална, туку заедничка одговорност и секоја правилна одлука значи спасен човечки живот. Апелот до учесниците во сообраќајот е јасен: почитувајте ги прописите и правилата, ограничувањата на брзината и сообраќајната сигнализација, не управувајте возило под дејство на алкохол оти алкохолот и воланот никогаш не одат заедно, бидете трпеливи, покажете култура и етика во сообраќајот. Сите патници во возилото задолжително да користат сигурносен појас. Не користете мобилен телефон додека учествувате во сообраќајот. Секој учесник во сообраќајот има право на безбедно движење, но и обврска да придонесе кон истото. Да ги поминеме празниците безбедно, со внимание и почит кон сите во сообраќајот со една заедничка мисла дека секој живот е важен“, порачуваат од РСБСП.
.