Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возел со 2,11 промили алкохол во крвта, полицијата го уапсила
Магазин

Возел со 2,11 промили алкохол во крвта, полицијата го уапсила

04/10/2025

AA

Повеќе лица биле лишени од слобода поради возење под дејство на алкохол, соопшти МВР. Станува збор за возачи во Скопје, Куманово, Кичево, Велес, Кавадарци и Охрид, кои управувале возила под дејство на алкохол.

Така,, на 04.10.2025 во 01:05 часот на ул.„Франклин Рузвелт“ во Скопје, полициски службеници од СВР Скопје го лишија од слобода И.Г.(41) од Скопје. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „пасат“ со скопски регистарски ознаки, кое го управувал И.Г. и по преземени мерки, било констатирано дека е под дејство на алкохол, односно дека има 1,66 промили алкохол во крвта.

Истиот ден во 01:30 часот на улицата „Ѓорче Петров” во Куманово полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Куманово го лишија од слобода А.К.(26) од Куманово. При контрола на патниот сообраќај во Куманово, полициските службеници сопреле патничко возило „ауди” кое го управувал А.К. и по преземени мерки е констатирано дека е под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1.77 промили алкохол во крвта.

Истиот ден во 04:30 часот на булеварот „Туристичка“ во Охрид, полициски службеници од СВР Охрид го лишија од слобода Х.Е.(38) од Охрид. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „опел“ со охридски регистарски ознаки, кое тој го управувал, и притоа, кај него констатирале 1,50 промили алкохол во крвта.

Во 00:30 часот на улица „Магистрален пат“ во Кичево, полициски службеници од ОВР Кичево го лишија од слобода В.А..(52) од Кичево. При контрола во патниот сообраќај, полициските службеници сопреле патничко возило „бмв“ со кичевски регистарски ознаки, кое тој го управувал и притоа, кај него констатирале 2,11 промили алкохол во крвта.

На 04.10.2025 во 03:30 часот на улица „Нада Бутникошарева“ во Велес, полициски службеници од Полициската станица за безбедност на патниот сообраќај при СВР Велес го лишија од слобода М.С.(29) од Велес. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „ауди“ со велешки регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,86 промили алкохол во крвта.

На 04.10.2025 во 03:10 часот на ул. „Шишка“ во Кавадарци, полициски службеници од Полициското одделение за безбедност на патниот сообраќај при ОВР Кавадарци го лишија од слобода Н.Ѓ.(23) од Неготино. При контрола на патниот сообраќај, полициските службеници констатирале дека управувал патничко возило „бмв“ со неготински регистарски ознаки под дејство на алкохол, односно му биле измерени 1,60 промили алкохол во крвта.

Лицата се исклучени од сообраќај и задржани во полициска станица. По целосно документирање на настаните, против нив ќе бидат поднесени пријави по член 297-а од Кривичниот законик – „безобѕирно управување со моторно возило“, се вели во соопштението на МВР.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот

22/10/2026
Македонија

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да

22/10/2026
Македонија

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА

22/10/2026
Македонија

НАРОДНИОТ ПРАВОБРАНИТЕЛ НЕ МОЖЕ ДА СИ ЈА ПЛАТИ КИРИЈАТА!? Институцијата

22/10/2026
Македонија

ПРВО АКЦИСКИ ПЛАН ЗА МАЛЦИНСТВА, ДОГОВОРЕН СО 27 ЗЕМЈИ ЧЛЕНКИ,

22/10/2026
Македонија

ОЧЕКУВАМ НАСКОРО ДА БИДЕ ВАЛОРИЗИРАН НАШИОТ НАПРЕДОК ВО РЕФОРМИТЕ И

22/10/2026
Македонија

ВИНИЧАНЕЦ ЌЕ ДОБИЕ КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ЕДНА СЕМКА OД КАНАБИС

22/10/2026
Македонија

ЖИВЕЕМЕ ВО ЕДЕН ОД НАЈПРЕДИЗВИКУВАЧКИТЕ ПЕРИОДИ ВО ИСТОРИЈАТА! Мицкоски пред

22/10/2026
  • Економија 7906
  • Магазин 4842
  • Македонија 46326
  • Регион 3997
  • Свет 16
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Во вториот круг граѓаните да гласаат по

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СДСМ НЕ ПОДДРЖУВА НИКОГО НА ИЗБОРИТЕ ВО БРВЕНИЦА Гласачите да гласаат по свое убедување во

22/10/2026

Претседателот на СДСМ Венко Филипче во интервју за Алсат М телевизија изјави дека СДСМ нема да поддржи ниту еден кандидат

СЛАВЈАНКА ПЕТРОВСКА МУ ПОРАЧА НА ФИЛИПЧЕ ДЕКА Е ВРЕМЕ ДА СИ ЗАМИНЕ На СДСМ му

22/10/2026

Славјанка Петровска потврди дека има амбиција да застане на чело на СДСМ, но смета дека во овој момент не треба

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy