Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Возачите во Истанбул минатата година поминале 105 часа заглавени во сообраќајни метежи, покажува студијата
Македонија

Возачите во Истанбул минатата година поминале 105 часа заглавени во сообраќајни метежи, покажува студијата

23/05/2025

AA

Возачите во Истанбул поминале над 100 часа заглавени во сообраќајни метежи во 2024 година, според студија спроведена со употреба на вештачка интелигенција, објавена од „Дејли Сабах“.

Според студијата, минатата година во метрополата имало вкупно 97.000 сообраќајни несреќи, што довело до застој во сообраќајот, како резултат на што возачите изгубиле 105 часа од животот во сообраќајни метежи.

Истанбул минатата година беше рангиран на прво место во светот по часови изгубени поради сообраќајни метежи, а по него следуваат Њујорк, Чикаго, Лондон и Мексико, на ранг-листата на INRIX – меѓународна фирма за софтвер и податоци со седиште во САД, потсетува „Дејли Сабах“. Рангирањето се базира на анализа на податоци и трендови за транспорт од 946 урбани области низ целиот свет.

Според нова студија за сообраќајните метежи предизвикани од сообраќајни несреќи, затворањето на една лента поради несреќа го зголемува времето на чекање за најмалку 10 минути во Истанбул. Малите несреќи во кои учествуваат мотоцикли предизвикуваат сообраќаен метеж од 20 до 30 минути, додека судирите во кои учествуваат две возила или мали камиони можат да го забават сообраќајот до час и половина.

Студијата ја подготви д-р Хусеин Коркмаз од Факултетот за транспорт и логистика на Универзитетот во Истанбул. Според експертот, изградбата на пошироки патишта во Истанбул обезбедува само краткорочно олеснување, а сообраќајните услови нема да се подобрат без контрола на приливот на население во Истанбул и порамномерна распределба на можностите за работа низ целата земја.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Маж ѝ истурил хемиско средство во очите на својата партнерка

31/05/2026
Македонија

Приведено лице баранo со судска наредба за криумчарење на мигранти

31/05/2026
Македонија

Алијанса за Албанците стана „Албанска лига“ – Села најави силна

31/05/2026
Македонија

Четири лица уапсени и еден извршен службен разговор по седум

31/05/2026
Македонија

Со тротинет удрил во пешак во Гостивар и избегал!

31/05/2026
Македонија

Филипче: Евроинтеграциите зависат само од власта, уставните измени не се

31/05/2026
Македонија

20 ученици со симптоми на стомачни тегоби: Се испитува дали

31/05/2026
Македонија

Влада ја продолжи мерката за намалување на акцизите на нафтените

31/05/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43568
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Истанбул: 19-годишник ја застрелал својата 18-годишна бремена свршеница

27/06/2025

Деветнаесетгодишник ја застрелал и убил својата 18-годишна вереница, која била бремена пет месеци, во истанбулскиот кварт Саријер, а потоа избегал

НАТО со нова обврска – 5% од БДП за одбрана и безбедност до 2035 година

25/06/2025

Земјите членки на НАТО на денешниот Самит во Хаг постигнаа историски договор – до 2035 година секоја земја ќе вложува

Лавров: Западот сега бара од нас безусловно примирје во Украина

24/06/2025

Западот сега нè моли за прекин на огнот во Украина без дополнителни услови, иако Володимир Зеленски категорично го одби тоа

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy