Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВОНРЕДНО АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ НА „ВАБТЕК“, ЌЕ СЕ АМИНУВА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА ОД 3,75 МИЛИОНИ ЕВРА – што се случува со странската инвестиција
Економија

ВОНРЕДНО АКЦИОНЕРСКО СОБРАНИЕ НА „ВАБТЕК“, ЌЕ СЕ АМИНУВА ПОКРИВАЊЕ НА ЗАГУБА ОД 3,75 МИЛИОНИ ЕВРА – што се случува со странската инвестиција

20/12/2024

AA

Странскиот инвеститор „Вабтек“ ланската згуба ќе ја покрива од идното
работење на компанијата. Ваква одлука треба да донесе Собранието на акционери на компанијата на
вонредната своја седница која ќе се одржи после Новогодишните и Божикните
празници, или поточно на 21 јануари наредната година. А, ова покривање на
загубата веќе го одлучил Управнииот одбор на компанијата завчера, и сега бара
одлуката да ја „аминува“ Собранието на акционерите.

Инаку, ланската загуба на компанијата за производство на сопирачки за шински возила е прилично голема и инесувала 3,75 милиони евра. Ова значи дека компанијата која е странска инвестиција и се најавува како еден од
клучните инвестициски адути на новата власт, а за што, пак, негодуваат нивните
претходници, лани имала навистина голем негативен финансиски резултат.

„Одборот
на директорите на Вабтек МЗТ
АД Скопје ja утврди следнава предлог
одлука за покривање на загубата, имено се одобрува искажаната загубата во
работењето на друштвото во 2023 година во износ од 230.426.000 денари (3,75 милиони евра – н.з.) да се покрие
од идното работење на Друштвото. Oдлуката влегува во сила со денот на
донесувањето. Со донесување на оваа Oдлука се укинува Одлуката за покривање на
загубата заведена од 05 август 2024 година“, се вели во одлуката на Одборот на директори, која треба
да ја гласа Собранието.

А, Фактор ја најде таа претходна одлука за покривање на загубата, и во неа
исто стои дека ланската загуба ќе се покрива од идното работење на друштвото,
со таа разлика што тогаш била наведена помала загуба, односно сума од 3,26
милиони евра.

Засега е нејасно како дошло до зголемување на ланската загуба на компанијата за сума од околу 500 илјади евра.

Инаку, Фактор пишуваше дека Вабтек новата власт го најавува како нова
инвестиција, додека, пак, опозицијата тврди дека станува збор за постојна
инвестиција која само ќе ги прошири своите капацитети во земјава.

Исто
така, на база на деветмесечниот Биланс на успех на компанијата објавивме дека
оваа американска компанија и за оваа година повторно известува за загуби во своето работење.

Имено,
факт е дека во периодот од јануари заклучно со септември годинава Вабтек како
компанија не работела воопшто лошо, зголемувајќи ги приходите од продажбата, но сепак, главниот нивни проблем се големите
финансиски расходи, односно враќањето на кредити и камати од нив, поради
претходни задолжувања. Имено, оваа
компанија за деветте месеци од годинава остварила негативен финансиски резултат од 783
илјади евра, што воопшто не е малку, но
утеха е дека во првите девет месеци од годинава имале двојно намалување
на загубите во однос на истиот период од минатата година.

Кога
го објавија својот деветмесечен биланс на успех од компанијата најавија и промени и редукции во своето работење доколку овие загуби продолжат, но и можно стопирање на планираните
инвестиции, иако не се споменуваа намалувања на работната сила.

Инаку, во септември годинава Владата се пофали дека „за само два
месеци донесени се четири странски инвестиции и нови над 1.500 вработувања“, а
во тие инвестиции беше спомената и амерфиканскиот „Вабтек“, за производство на
сопирачки за шински возила. Инвестицијата е најавено дека ќе тежи 35 милиони
евра, а ќе се отворат нови над 100 вработувања, и тоа во Технолошко индустриско
развојната зона Скопје. 
Веднаш потоа се огласи СДСМ, од каде реагираа дека не станува збор
за нова инвестиција, туку за производител кој долго време работи во кругот на
некогашен Металски завод Тито. 
Околу „Вабтек“ тогаш се произнесе и поранешниот директор на ТИРЗ
Јован Деспотовски, кој тврдеше дека две години тимот на ТИРЗ работел со компанијата за новата инвестиција.

„Повеќе од две години со тимот од ТИРЗ работевме
заедно со оваа компанија, која веќе вработува над 350 наши сограѓани. Се
боревме заеднички со предизвиците од различни институции. Се боревме и на суд,
каде добивме заедно со компанијата. Одлуката сè уште не е спроведена. Сепак,
добро е што овие предизвици се сега минато. И затоа заслужува да се
поздрави решеноста на Владата „да пресече“ и оваа инвестицијата која е важна за
сите граѓани да се случи. Честитки за сите“, напиша Деспотовски.

Градежен институт Македонија за корпорацијата веќе изработува
основен проект за нова фабрика во рамките на ТИРЗ Скопје 2. Поради големината
на планираните содржини на проектот, планирано е четири парцели да се спојат во
една голема парцела. 

Инаку, според ЦДХВ, доминантен сопственик на компанијата е ПОЛИ С.Р.Л., со 87,4 отсто од акциите.

Н.Н.Ф.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички

18/06/2026
Македонија

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството

18/06/2026
Македонија

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите –

18/06/2026
Македонија

Алиу ја открива визијата за Новиот клинички центар: „8 Септември“

18/06/2026
Македонија

Алиу: Системот со отпечатоци од прст е поевтин чекор, срамота

18/06/2026
Македонија

Алиу: Здравствениот систем нема да се креира според желби на

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува воведување парамедици во Итната помош и целосна заштита

18/06/2026
Македонија

Алиу најавува револуција во Итната помош: Посебна институција, 100 нови

18/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 43815
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Алиу ги разрешува дилемите во јавноста: Модуларните сали од Клинички лесно се преместуваат, со регионализација

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ одговори на двете главни дилеми кои подолго време

Над 340 граѓани побарале помош преку „Отворениот кабинет“ на Министерството за здравство

18/06/2026

Проектот за директна комуникација со граѓаните преку веб-страницата на Министерството за здравство почна да ги дава првите финални резултати. Како

Алиу: Спас за донацијата од 500.000 долари за хемофиличарите – лековите пратени во Германија на

18/06/2026

Министерот за здравство, Азир Алиу, во интервјуто за „Ноќно студио“ на „4ТВ“ го претстави планот за спас на вредна медицинска

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy