
Вонредна ситуација: Летовите од белгискиот аеродром Брисел – Југ Шарлроа се откажани
Сите појдовни летови од белгискиот аеродром „Брисел-Јужна Шарлроа“ се откажани поради штрајк на вработените во обезбедувањето, соопшти управата на аеродромот. Синдикатите и раководството на аеродромите со месеци разговараат за подобрување на условите за работа на вработените, пренесува Ројтерс. Засега не се знае кога ќе продолжат летовите.