Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Филипче од Кочани: СДСМ покажала што значи одговорно политичко дејствување, не сакавме по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист
Македонија

Филипче од Кочани: СДСМ покажала што значи одговорно политичко дејствување, не сакавме по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист

10/06/2025

AA

Од Кочани, пред членовите на СДСМ и граѓаните, Венко Филипче остро ја критикуваше актуелната власт за неспособноста да се справи со последиците од трагедиите, за немањето одговорност и за бруталниот однос кон граѓаните кои бараат правда и достоинство.

„Бевме внимателни, бевме емпатични кон луѓето. Комунициравме нејавно, со цел да не нѐ обвинат за политизација. Им се наоѓавме, прашувавме што и да треба, и сѐ што можевме – помогнавме“, рече Филипче.

Тој подвлече дека СДСМ покажала што значи одговорно политичко дејствување, без обиди за политичка корист од трагедијата:

 „Не сакавме, буквално со ништо, по трагедијата да извлечеме каква било политичка корист.“

Од друга страна, посочи Филипче, власта не само што не испорачала правда, туку целосно потфрлила и во здравствениот систем.

„Што направи власта? Прво – не испорача правда. Понатаму – не испорачува здравствена услуга. Луѓето имаат реален проблем, а тие им го нудат центарот ‘Пониква’ за некаква рехабилитација. Во ‘Пониква’ не можеш ни на одмор да одиш, а не пак да третираш толку сериозни медицински состојби,“ истакна Филипче.

Особено срамно, рече тој, е обвинувањето на родителите кои бараат правда:

 „Ќе ги обвинуваат родителите дека биле инструмент на некоја политичка партија. Тие луѓе, коишто не спиеле со недели, шокирани од она што им се случи – ги нарекуваат со погрдни зборови, за кои ви гарантирам дека дури и не знам што значат.“

Филипче го осуди и односот на ВМРО-ДПМНЕ кој, како што рече, на денот кога родителите протестираат, организира партиски настан со пиротехника:

 „Во таква ситуација, врв на безчувствителност е – на денот кога родителите протестираат – да организираш настан на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ и да запалиш пиротехнички средства.“

СДСМ останува на страната на граѓаните на Кочани, на страната на вистината и одговорноста. Ќе продолжиме да се бориме за правдата да излезе на виделина а граѓантие и родителите да добијат соодветен третман.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина

28/06/2026
Македонија

Македонија најевтина во Европа: Кошничка од 100 евра во ЕУ

28/06/2026
Македонија

Три лица приведени, а со едно извршен службен разговор за

28/06/2026
Македонија

Осум пожари за еден ден: Три активни низ Македонија

28/06/2026
Македонија

Тетовец измамен за 3.400 евра: Жена лажно барала пари за

28/06/2026
Македонија

Следува разладување: По жештините доаѓаат дожд, грмежи и невреме

28/06/2026
Македонија

Обвинителство: Насилна е смртта на жената од Таор, поранешниот сопруг

28/06/2026
Македонија

Убиство на жена во Скопје: Четири лица приведени!

28/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44004
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Приведени 14 возачи за безобѕирно управување возило, од нив седуммина возеле без возачка дозвола!

28/06/2026

Во текот на изминатото деноноќие на целата територија на државата, полициските службеници лишија од слобода 14 возачи за безобѕирно управување

Македонија најевтина во Европа: Кошничка од 100 евра во ЕУ кај нас чини 49,7 евра

28/06/2026

Разликите во цените низ Европа стануваат сè позабележливи, а ист производ или услуга може да има драстично различна цена во

Три лица приведени, а со едно извршен службен разговор за семејно насилство во последното деноноќие

28/06/2026

На 28.06.2026 во 00:10 часот, полициски службеници од СВР Куманово го лишија од слобода А.С.(25) од село во Општина Старо

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy