
Во Собрание пристигна предлогот за разрешување на министрите од Алијанса
Во Собрание пристигна предлогот за разрешување на министрите од Алијанса.
Според информациите, материјалот од Влада е примен и службите го разгледуваат по што ќе биде доставен до сите пратеници.
„За предлогот за разрешување на министерот за здравство и на министерот за информатичко општество и администрација ќе се расправа на првата наредна седница на Собранието, односно утре, петок 9.02.2024“, велат од Собранието.

