Skip to content
Novina.mkNovina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 ВО ШТИП ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА И МЛАДИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Ќе стекнуваат разни вештини за самостоен живот
Македонија

ВО ШТИП ЌЕ СЕ ОТВОРИ ЦЕНТАР ЗА РЕХАБИЛИТАЦИЈА НА ДЕЦА И МЛАДИ СО ПОСЕБНИ ПОТРЕБИ Ќе стекнуваат разни вештини за самостоен живот

08/11/2025

AA

Штип ќе биде првиот град во кој ќе се отвори Центар за рехабилитација на лицата со посебни потреби.

Градоначалникот на Штип, Иван Јорданов вели дека тендерската постапка за преадаптација на дел од просториите во Средното текстилно училиште „Димитар Мирасчиев“ е во тек, а ја реализира ресорното министерство за социјална политика, демографија и млади.

Зоран Мијалков од Здружението „Сплотени срца“ во Штип, воедно и самохран родител на две деца со посебни потреби, вели дека со нетрапении очекуваат да се реализира овој проект.

– Рана рехабилитација на дечињата, работа со логопеди, дефектолози, физиотерапевти и други стручни луѓе. Многу е важно негуватели, кои пред сè ќе ја имат човечката нишка кон овие деца. Многу е важна терапијата да е преку игра и љубов – вели Мијалков.

Центарот дневно ќе може да згрижува 24 лица и да работи со нив на подобрување на нивната состојба. Ќе им овозможи на младинците преку разни терапевтски ативности да стекнат вештини за самостоен и независен живот.

Изградбата и опремувањето на Центарот ќе чинат околу 11 милиони денари, од кои 11 % треба да кофинансира општината. Во моментот за проектот се распишува јавна набавка преку Министерството за труд и социјална политика.

Градоначалникот Јорданов се надева дека наредната година, откако просторот ќе се реновира, Центарот ќе биде ставен во функција.

Освен професионалци, во работата на Центарот активно треба да се вклучат и родителите. Ќе прима и деца и младинци, во посебни смени од по 4 часа.

– Нема да може да се опфатат сите, треба да има разбирање од страна на родителите. Во почетокот, за да се опфатат сите можеби ќе треба и ден да оди, па два дена да одмора. Така да биде додека Центарот убаво почне да работи. Меѓутоа и тоа е исчекор, и тоа е помош. Некогаш и еден час, за на заболекар да отидеш ти е многу важно да знаеш каде ти е детето и дека е згрижено и некој со него работи – изјави Мијалков.

Освен отворањето на Центарот за рехбилитација, во блиска иднина се планира и отворање на Центар за младинци. Во него ќе можат да се вклучат сите граѓани, како и пензионери кои со своите вештини и искуства би можеле да го збогатат животот на децата и младинците со попречености. Особено место тука би имале пензионерите музичарите, уметниците, спортистите, логопедите…

Градоначалникот Јорданов, информираше дека за земјиштето за Центарот за младинци, кој ќе се гради на градежна парцела меѓу населбите Железничка и Пребег, во тек е процесот на експропријација, бидејќи се јавиле тројца сопственици на дел од земјиштето. Кога ќе заврши оваа постапка, општината ќе им го додели земјиштето во сопственост на Здружението „Сплотени срца“, а родителите ќе можат да ја почнат постапката за изградба на овој Центар.

.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не

03/03/2026
Македонија

Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош

03/03/2026
Македонија

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД

03/03/2026
Македонија

МНР: 473 македонски државјани контактирале со дипломатско-конзуларните претставништва во Тел Авив, Доха и Абу

03/03/2026
Македонија

Обвинителство: Мајката со детето биле сами во станот заклучени од

03/03/2026
Македонија

Едно лице задржано во полициска станица по трагичниот настан во

03/03/2026
Македонија

СЛАБ ЗЕМЈОТРЕС УТРИНАВА ВО ТЕТОВО Потреси и во Хрватска и

03/03/2026
Македонија

Уапсен турски државјанин на локалниот пат Гевгелија-Граничен премин Богородица, превезувал

03/03/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 42163
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Се договорил да му изработи собни врати, па услугата не била извршена – тетовец измамен

03/03/2026

На 02.03.2026 во 15:10 часот во СВР Тетово, 75-годишник од тетовско пријавил дека бил измамен од едно лице од Тетово

Тошковски закажа вонредна прес конференција за трагедијата во Карпош

03/03/2026

За 12 часот и 30 минути пред зградата на МВР закажана е вонредна прес конференција на министерот за внатрешнири работи

473 МАКЕДОНСКИ ДРЖАВЈАНИ ПОБАРАЛЕ ЕВАКУАЦИЈА ОД ЕМИРАТИТЕ, КАТАР И ОД ИЗРАЕЛ Сè уште нема услови

03/03/2026

Министерството за надворешни работи и надворешна трговија информира дека, согласно последните податоци, од почетокот војната во Иран во саботата до

Novina.mkNovina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy