
Во Русија голем недостиг на јајца, цената зголемена за 40 отсто
Во Русија има огромен недостиг на јајца, а воведени се и ограничувања колку јајца може да купи еден човек. По човек, тоа се три кутии, ако воопшто ги има продавницата, бидејќи решетките за јајца се главно празни.
– Седум дена не сум по дуќан, но во претходниот период драстично, навистина драстично поскапеа јајцата. Мислам дека 20 отсто, не помалку – рече Лидумила.
Јајцата сепак не поскапеа за 20, туку дури и за 40 отсто.
Рускиот увоз од 1,2 милијарди јајца ќе биде ослободен од царина во првите шест месеци од следната година за да помогне во задржувањето на цените, се вели во извештајот, и треба да обезбеди раст на понудата.
Русија, инаку, се уште се бори со висока инфлација. Но, и покрај фактот дека околу 49 отсто од европскиот извоз во Русија и 58 отсто од рускиот увоз се под санкции, економијата таму не е погодена.

