Skip to content
Novina.mk Novina.mk
  • Следетене
  • ПОЧЕТНА
  • МАКЕДОНИЈА
  • РЕГИОН
  • СВЕТ
  • ЕКОНОМИЈА
  • СПОРТ
  • Video
  • МАГАЗИН
Nova.mk (2)
  • Последни
 Во првите два месеца годинава двојно помалку сообраќајки со жртви
Магазин

Во првите два месеца годинава двојно помалку сообраќајки со жртви

02/03/2023

AA

Во јануари оваа година на подрачјето на СВР Скопје за 20 проценти се намалени сообраќајните незгоди со потешки последици, во споредба со јануари минатата година. Во првите два месеци од 2023 година, бележиме двојно намалување на сообраќајните незгоди со жртви. Сега имаме три, споредбено со минатата година за истиот период, кога сме имале шест жртви, изјави вечерва министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски.

Статистички, како што посочи, брзото возење е најголема причина за сообраќајните незгоди со смртни последици.

Спасовски, кој вечерва во Чаир ги посети полициските службеници кои работат на терен во овој дел од градот, информираше дека во текот на 2023 година на подрачјето на СВР Скопје, во месеците јануари и февруари, за возење со брзина поголема од дозволената санкционирани се 1.815 возачи.

Исто така, во првите два месеци од 2023 година санкционирани се 394 возачи кои возеле под дејство на алкохол.

-Вечер сме овде во Чаир да видиме во какви услови работат полициските службеници, да поразговараме со нив во однос на работењето, заради тоа што безбедноста во сообраќајот е наш врвен приоритет. Овие активности ќе ги продолжиме во континуитет, не само во делот на сообраќајот, туку и по други оперативни акции кои ги работиме. Ова раководство на МВР во континуитет заедно со полициските службеници прави напори да се зголеми безбедноста во сообраќајот, да се намалат сообраќајните незгоди, да се намалат последиците од смрт во делот на сообраќајните незгоди или потешки телесни повреди и создавање на материјални штети. За ова беше потребно да се јакне и човечкиот капацитет но и да се јакне техничката опременост на полициските служби, рече Спасовски.

Тој додаде дека во 2017 година имало седум радари за мерење на брзината на движење на возилата, осум етилометри или дрегери, а во овој момент има 144 радари кои се користат за безбедноста во сообраќајот и притоа, како што рече, првпат од независноста на државата, имаат 55 уреди кои се за ноќно снимање, за да може и во текот на ноќта да бидат контролирани возачите .

Додаде дека има повеќе од 50 етилометри или дрегери за мерење на алкохолот во крвта.

-Ваквите контроли ќе бидат во континуитет.. Апелирам до граѓаните да се придружуваат до собраќајните правила и прописи, додаде министерот за внатрешни работи.

TACT.mk

Previous post
Next post
Последни Новини
Македонија

Трагедија во Карпош: 58-годишен скопјанец пронајден мртов во базен во

29/06/2026
Македонија

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува

29/06/2026
Македонија

Николоски: Следува целосна трансформација на железницата, ќе се набават нови

29/06/2026
Македонија

Од утре пороен дожд, грмежи и невреме во овие делови

29/06/2026
Македонија

Пронајден мртов бизнисменот Марјан Јованов – Мане Левис

29/06/2026
Македонија

Министерството за култура: Владо Јаневски остави неизбришлива трага во македонската

29/06/2026
Македонија

Министерството за култура се прости од Сашо Миленковски: Македонија загуби

29/06/2026
Македонија

Шести ден без струја во студентскиот дом „Никола Карев“

29/06/2026
  • Економија 7905
  • Магазин 4842
  • Македонија 44019
  • Регион 3997
  • Свет 14
  • Спорт 4718
СЛИЧНИ НОВИНИ ЗА ВАС

Трагедија во Карпош: 58-годишен скопјанец пронајден мртов во базен во двор од куќа

29/06/2026

На 28.06.2026 во 18:15 часот во СВР Скопје е пријавено дека на подрачјето на Карпош, во базен во двор од

UNCTAD: Критичните минерали ќе ја обликуваат идната економија, Иловица останува неискористен ресурс

29/06/2026

Критичните минерали стануваат стратешки ресурс за економскиот развој, оценува Телото на Обединетите Нации за трговија и развој (UNCTAD). Во анализата

Николоски: Следува целосна трансформација на железницата, ќе се набават нови возови и локомотиви

29/06/2026

Министерството за транспорт започнува нова фаза во реформите на железничкиот сектор, откако денеска беше потпишан договор за грант во вредност

Novina.mk Novina.mk

©2022. All Rights Reserved.

Контакт
Privacy Policy