
Во пламен три возила во Битола – едниот автомобил е на кандидат за градоначалник!
На 20.05.2025 во 00.25 часот во СВР Битола e пријавено дека на ул.„Леринска” во Битола се опожарени патничко возило „тојота рав 4“ со битолски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма, а го користела С.К. од Битола, патничко возило „фолксваген пасат “ со тетовски регистарски ознаки, сопственост на приватна фирма и патничко возило „дачиа логан“ со скопски регистарски ознаки, сопственост на фирма.
Пожарот е изгаснат од екипа на Територијалната противпожарна единица Битола, а повредени лица нема.
Увид извршила увидна екипа на СВР Битола и се преземаат мерки за расчистување на настанот.